fbpx

Партиите подалеку од нас, велат организаторите на утрешниот протест против загадувањето

-

Ние сме загрижени млади луѓе кои ниту се поддржани од партии, ниту имаме намера да стануваме партија туку се обидуваме како граѓани да дадеме свој придонес да се реши проблемот со загадувањето. Досега имавме можност да видиме колку сегашните институции се спремни да ја решаваат алармантната состојба со загадувањето на воздухот и решивме да ги повикаме граѓаните самите да се избориме за почиста и здрава животна средина бидејќи веќе време за губење немаме, вели Кристијан Узунов, еден од организаторите на утрешниот протест пред Собранието против загадувањето.

Тој, заедно со група млади луѓе кои се претставија како дел од организацијата на протестот се упатија во полициската станица Беко за да го пријават утрешниот протест, за кој нагласија дека ќе биде мирен и дека им е целта да биде масовен „за да ја искажеме нашата загриженост од загаденоста на воздухот“.

– Бараме итна седница на Владата, вклучување на експерти и на граѓански организација во контрола на големите загадувачи, оние кои останаа недопрени до сега. Бараме Владата да престане со таканаречени мерки кои само удираат по џебот на најсиромашните и да продолжи, а не да ги стопира оние краткорочни мерки како што е бесплатниот превоз по само еден ден – вели Узунов.

Тие ги повикаа сите граѓани, еко-активисти, експерти, доктори да дојдат на протестот и самите да ги надополнат барањата до власта, како и да понудат најдобри решенија за загадувањето во Скопје, истовремено апелирајќи до власта и до опозицијата да не се обидуваат да го злоупотребат за свои цел и да го ставаат во друг контекст.

Одговарајќи на барање на новинарите да се претстават, Узунов рече дека единствено искуство како еко-активисти им е организирањето протести против загадувањето предизвикано од скопска Железарница пред четири години.

– Баравме итно ставање филтри на фабриката и на тие протести доаѓаа едвај неколку стотици луѓе. Седум месеци секојдневно блокиравме улици, се обидувавме да допреме до граѓаните преку медиуми, но свеста на граѓаните за жал беше многу ниска и тоа е една од причините што сега сме најзагаден град на земјината топка – додава Узунов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...