fbpx

Град Скопје распиша јавен повик за субвенции за инвертер клима уреди

-

Град Скопје распишa јавен повик за субвенционирање на инвертер клима уреди и други современи уреди за затоплување на домаќинствата, како уште една од мерките за борба против аерозагадувањето.
За оваа намена во буџетот на Градот се предвидени 20 милиони денари.

За секој купен инвертер клима уред, секој граѓанин којшто ќе ги исполни условите за субвенционирање ќе има можност да добие половина од вкупната вредност на уредот, но не повеќе од 15.000 денари.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на денешната прес-конфренција рече дека со оваа мерка повеќе од 1.300 домаќинства од годинава ќе добијат можност евтино да ги затоплуваат своите домови водејќи грижа за намалување на аерозагадувањето.

-Анализите на Град Скопје покажаа дека интересот кај граѓаните за набавка на посовремени уреди за затоплување е голем и заради тоа е донесена одлука со субвенционирање на овие уреди да се намалат трошоците на оние што ќе одлучат да го одберат овој начин на затоплување. Субвенциите за инвертер клима уредите заедно со субвенциите за печките на пелети се од големо значење до спроведувањето на процесот на гасификацијата кој бара време за да стигне до крајните корисници – вели Шилегов.

Субвенцијата има за цел да ги мотивира граѓаните кои ги загреваат своите домови со печки кои користат огревно дрво, нафта и други скапи и нееколошки енергенси да ги заменат со далеку поевтините и поеколошките инвертер клима уреди или други современи системи за затоплување.

Од Град Скопје велат дека инвертер клима уредите трошат околу 30 отсто помалку електрична енергија од обичните клима уреди, а повеќе од 50 отсто ги намалуваат трошоците во однос на греењето со огревно дрво.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...