fbpx
Таг: воздух

таг: воздух

Воздухот во Скопје, Тетово и во Битола повторно полн со прашина

Во Скопје, Битола, Тетово и во Кочани утринава воздухот е енормно загаден, а мерните станици покажуваат концентрации на честичките ПМ10 од 120 до 230 микрограми на еден кубен метар. Во скопски Центар е измерена највисока концентрација од 230 микрограми честички на еден кубен метар, во Лисиче - 215, Тетово - 200, Карпош - 170, мерните станици кај Ректорат и во Миладиновци покажуваат 150...

Град Скопје ги прскаше улиците со калциум магнезиум ацетат

Како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух, денеска од Град Скопје првпат прскаа три улици во центарот на градот со средството калциум магнезум ацетат. - Градот Скопје преку Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ првпат го почнува процесот со третирање на градските сообраќајници со средството калциум магнезиум ацетат, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиентниот...

СДСМ: Груевски го загрози најскапото нешто, здравјето на граѓаните

Никола Груевски не само што го контаминираше целото општество, слободата во медиумите, туку го загрози најскапото нешто, здравјето на граѓаните, обвинуваат од СДСМ. „Груевски го згорчи секојдневниот животот на граѓаните, економски го урна стандардот и ги осиромаши. Дополнително, не само што Груевски го контаминираше целото општество, слободата во медиумите, туку го загрози најскапото нешто, здравјето на граѓаните. За споменици и за...

Утре ќе се прскаат улиците со калциум магнезиум ацетат

Градот Скопје утре, во 11:30 часот, на крстосницата на булеварот Свети Климент Охридски со улицата Свети Кирил и Методиј ќе почне со третирање на градските улици со средството калциум магнезиум ацетат, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух. Калциум магнезиум ацетат е средство што се користи за контрола и за намалување на ситната прашина и на честичките...

Вчера Тетово беше загадено 17 пати повеќе од дозволеното

Загадувањето на амбиенталниот воздух утрово е на високо ниво. Во скопските населби Лисиче, Центар и во Битола, Тетово и во Велес, концентрацијата на ПМ10-честичките е на високо ниво. Во Карпош, Гази Баба, Кичево и во Кавадарци канцерогените ПМ10-честички се на средно ниво. Во Центар и во Карпош, на единствените мерни станици каде се мерат и ПМ2,5-честичките нивната вредност е на...

Скопје, Битола и Тетово и денеска се задушуваат, а никој не се потресува

Утринава Скопје, Битола и Тетово се задушуваат во загаден воздух. Сите мерни станици во Скопје, двете мерни станици во Битола и мерната станица во Тетово покажуваат високо ниво на канцерогените честички ПМ10. Во Карпош, честичките ПМ2,5 се на многу виско ниво, а во Центар на високо ниво. Синоќа мерната станица во Тетово покажа 592 микрограми на еден кубен метар, што е...

Поповска: Братче Стево, уживај си ти, сега стана човече со патент на уста

Пратеничката од ДОМ, Лиле Поповска, на седницата наменета за поставување пратенички прашања, рече дека не е задоволна од одговорот што го добила на поставеното пратеничко прашање на претходната седница на Собранието. Таа прашала дали Владата ќе обезбеди повеќе пари за надзор на квалитетот на воздухот, а како одговор добила дека Министерството за животна средина побарало 50 милиони денари, а добило само...

Почна сезоната на загаден воздух – ќе се задушуваме цела зима!

Почетокот на грејната сезона ги донесе првите денови со зголемена загаденост на воздухот, особено во вечерните и во ноќните часови. Загаденоста во последните неколку дена повеќе од петпати ја надминува дозволената граница. Зголемено ниво на концентрациие на ПМ10-честичките заеблежано е во сите скопски општини, како и во Тетово, Битола и во Кавадарци. Во скопската населба Лисиче, загаденоста синоќа во 22 часот изнесуваше 237...

Дивата депонија, која е повторно активна, ги труе тетовци 

Големи количества разновиден отпад повторно се наталожија на претоварната станица на Јавното комунално претпријатие на влезот од Тетово. Поради невремето што го зафати тетовскиот регион, механизацијата на комуналното претпријатие, која беше ангажирана во поплавените подрачја, не успеа навреме да го собере и да го транспортира сметот од претоварната станица, каде сега е создадена огромна дива депонија. Проблемот со депонијата најмногу го чувствуваат...

Науници од САД тврдат: Правиме јаглеродни нановлакна од ЦО2 од воздухот

Американски научници тврдат дека откриле метод за добивање на јаглеродни нановлакна од јаглерод диоксид од воздухот. Како што пренесува „Би-Би-Си“, нивниот соларно напојуван систем користи електрична енергија од само неколку волти, која се спроведува во сад полн со врела, растопена сол, по што јаглерод диоксидот се апсорбира и нановлакната постепено се собираат на една од електродите. Со оваа метода, научниците во...

Општина Битола усвои Програма за заштита на животната средина за оваа година

  Со задоцнување од шест месеци општина Битола усвои Програма за заштита на животната средина и природата за 2015 година . За заштита на водата, воздухот почвата и воопшто прородата општината планира да потроши 10.700.000ден. Доцнењето од  половина година од донесувањето  на оваа програма, но и планот како да се потрошат парите денеска предизвикаа бурна дискусија во битолскиот Совет, особено што...

Тетово, рекордер по аерозагаденост

Поволните временски услови во пролетниот период го подобрија квалитетот на воздухот во цела Македонија. Само во Тетово, пет дена по ред, концентрацијата на штетните ПМ10-честички во воздухот е повисока од дозволените вредности. Градот под Шара, овој праг го надминува неколкупати месечно и сè уште останува црна точка на картата на аерозагадување во Македонија. Поради ваквата состојба, Министерството за здравство препорачува децата, хронично...

Нови штетни честички присутни во воздухот во Тетово

Во воздухот во Тетово се појави нов загадувач, кој повеќе месеци ги надминува дозволените граници. Се работи за озон, присутен во приземниот слој на атмосферата, чија концетрација не треба да биде поголема од 120 микрограми на еден кубен метар, а присуството на озонот во воздухот достигна и двапати поголема вреднот од дозволеното, покажуваат неколкуте податоци на Миниситерството за животна...

Скопје, Битола и Велес повторно одвај дишат

Во 20 часот загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопје, Битола и во Велес е на многу високо ниво. Во Битола нивото на канцерогените ПМ10-честички изнесува 196 микрограми на еден кубен метар, што е за речиси четирипати повеќе од дозволените 50 микрограми. Многу високо ниво на ПМ10-честичките освен во Битола и во Велес, се забележува и во скопско Лисиче и во...

Издржете: Ќе се задушуваме само уште две-три години

Мерки за намалување на загаденоста се преземаат, надлежните работат во согласнот со законите, а загадувањето на воздухот останува на високо ниво и тоа нема да се промени во наредните неколку години. Најголеми концентрации има на загадувачката супстанца ПМ10, а доминатен извор на загадувањето нема. Ова е заклучокот од денешната дебата „Загадување во Македонија: Битка за чист воздух“ во организација...

Вечерва Скопје, Битола, Кичево, Велес, Кочани и Кавадарци дишат отров

Во 20 часот загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопје, Битола, Кичево, Велес, Кочани и во Кавадарци е на многу високо ниво. Во Скопје, нивото на канцерогените ПМ10-честички изнесува 195 микрограми на еден кубен метар, што е за речиси четирипати повеќе од дозволените 50 микрограми. Многу високо ниво на ПМ10-честичките се забележува и во скопските општини Карпош, Лисиче, Гази Баба и...

Тетово се задушува, Скопје и Битола одвај дишат

Во 11 часот утринава, загадувањето на амбиенталниот воздух во Тетово е на многу високо ниво, а во Скопје и во Битола на високо ниво. Во Тетово нивото на канцерогените ПМ10-честички изнесува 237 микрограми на еден кубен метар, што е за речиси петпати повеќе од дозволените 50 микрограми. Високо ниво на ПМ10-честичките, освен во Битола, се забележува и во скопските општини...

Воздухот во Битола со висока концентрација на ПМ2,5-честички

Висока концентрација на опасните ПМ2,5-честички во воздухот во централното градско подрачје на Битола, покажаа анализите од двонеделното мерење на мобилната мерна станица на „Фармахем“ во Битола. Здужението „За нас се работи“ во исчекување на експерт од „Фармахем“ да ги прочита резултатите од анализата на воздухот во Битола, пред јавноста, што треба да се случи наскоро, открива дека не само...

Скопје и Тетово повторно се задушуваат

Загаденоста на воздухот во Скопје и во Тетово утринава е на многу високо ниво. Во Скопје, концентрацијата на канцерогените ПМ10-честички, измерена во 10 часот, изнесува 240 микрограми на еден кубен метар , што е речиси петпати повеќе од дозволните 50 микрограми. Во Тетово, ПМ10-честичките утрово достигнаа до 500 микрограми на еден кубен метар, што е 10 пати повеќе од...

В недела ќе се маршира против загаденоста

Скопјани в недела ќе маршираат против загаденоста под мото „Кој е крив што градот ни е сив?“, во организација на здружението за заштита на животната средна „Го грин“. Маршот ќе почне напладне во Паркот на новинарите, а крајот на маршрутата ќе биде кружниот тек кај Католичка црква, кај АМСМ. „Облечете се во темни бои, како смогот кој нè задушува, земете со...

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...