fbpx

Град Скопје ги прскаше улиците со калциум магнезиум ацетат

-

Како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух, денеска од Град Скопје првпат прскаа три улици во центарот на градот со средството калциум магнезум ацетат.

– Градот Скопје преку Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ првпат го почнува процесот со третирање на градските сообраќајници со средството калциум магнезиум ацетат, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух. На почетокот од овој процес се опфатени булеварот Свети Климент Охридски и улиците Свети Кирил и Методиј и Јордан Мијалков, а предвидено е да се прска и на други градски сообраќајници. За реализација на овој процес, ЈП „Комунална хигиена“ специјално адпатираше шест од новите возила. Ова средство се користи во повеќе европски градови, меѓу кои Лондон, Барселона и Виена. Искуствата од европските градови каде што се користи ова средство укажуваат дека со негово аплицирање потенцијалот за намалување на прашината е од 10 до 30 проценти – изјави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Калциум магнезиум ацетат е средство кое се користи за контрола и за намалување на ситната прашина и  честичките ПМ10 и ПМ2,5 и за стабилизација на патиштата.

Средството е еколошки производ, биоразградливо, не е штетно за растенијата, погодно е за апликација во близина на паркови и на зелени површини и не е корозивно, односно нема да предизвика оштетување на возилата.

Градот Скопје ги информира граѓаните дека брзината на сообраќајниците каде што ќе се аплицира средството калциум магнезиум ацетат ќе биде ограничена на 40 километри на час, поради можна појава на лизгавост на коловозот. На улиците ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...