fbpx

Општина Битола усвои Програма за заштита на животната средина за оваа година

-

 

Со задоцнување од шест месеци општина Битола усвои Програма за заштита на животната средина и природата за 2015 година . За заштита на водата, воздухот почвата и воопшто прородата општината планира да потроши 10.700.000ден.

Доцнењето од  половина година од донесувањето  на оваа програма, но и планот како да се потрошат парите денеска предизвикаа бурна дискусија во битолскиот Совет, особено што за најгорливиот проблем на битолчани  квалитетот на амбиенталниот воздух во градот  се предвидени само 610.000денари.

– Срамота е, кога имаме проблем со смртоносен воздух во градот кој  носи заболувања и смрт кај луѓето , општината да носи програма на две и пол страни печатено. При тоа воздухот да биде третиран само во една единствена ставка. Битола се уште нема регистер на загадувачи , и се уште не почнала да го решава проблемот со квалитетот на амбинеталниот воздух – критикуваше Валентин Груевски од ЛДП.

Опозицијата незадоволна од планот на власта не ја поддржа програмата и побара оставка од првиот човек на Комисијата за животна средина во општината Стојан  Кулевски. Тој пак веднаш ја прифати оставката со изговор ако тоа помогне во решавањато на проблемите со животната средина.

Исто така за опозицијата не е јасно како може за  акции за пошумување на опожарени површини во општината, да бидат предвидени  само 40.000 ден,  вкулучувајќи ја и акцијата „Ден на дрвото”, а за наградата што ја доделува општината за најубав уреден двор да се трошат  50 000 денари .

Претседателката на општинскиот советот Силвана Ангелевска, побара  конкретни предлози од говорницата во делот за подигнувањето на јавната свест за заштита на животната средина во градот.

А.Б

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...