fbpx

СДСМ: Груевски го загрози најскапото нешто, здравјето на граѓаните

-

Никола Груевски не само што го контаминираше целото општество, слободата во медиумите, туку го загрози најскапото нешто, здравјето на граѓаните, обвинуваат од СДСМ.

„Груевски го згорчи секојдневниот животот на граѓаните, економски го урна стандардот и ги осиромаши. Дополнително, не само што Груевски го контаминираше целото општество, слободата во медиумите, туку го загрози најскапото нешто, здравјето на граѓаните. За споменици и за бронза, Никола Груевски потроши повеќе од 630 милиони евра, а цели 10 години проблемот со огромната загаденост на воздухот што ги труе граѓаните нема решение. Дури и пред заминување, Груевски сака да ги задолжи граѓаните со нови 500 милиони евра, а да ги остави да се задушуваат во нечист, загаден воздух“, велат од СДСМ.

Од партијата потсетуваат дека, според Светка банка, Македонија е на самиот врв по годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух, односно од канцерогените честичките кои предизвикуваат рак и дека извештајот „Зелен пораст“ на Светска банка покажува дека Македонија е на прво место на листата за изложеност на граѓаните на загаден воздух со цврсти честички. Тоа, според партијата, е најголемата причина за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно во Македонија, од рак и од болести на дишните патишта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...