fbpx

Русија за 24 часа евакуирала 11.000 туристи од Египет

-

Руските власти во последните 24 часа од Египет евакуирале 11.000 руски туристи, изјави денеска заменик-премиерот на Русија, Аркадиј Дворкович.

Се очекува да се вратат уште поголем број туристи, рече Дворкович и додаде дека денеска уште поинтензивно ќе се транспортираат руски граѓани.

Околу 80.000 Руси останаа „заглавени“ во Египет, најмногу во Хургада и во Шарм ел Шеик, откако официјална Москва ги суспендираше сите летови кон таа земја по падот на рускиот авион над Синајскиот Полуостров пред девет дена, при што 224 лица го загубија својот живот.

Руските туристи го напуштаат Египет без багаж, кој ќе им биде доставен со редовните летови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...