fbpx

Капетанот на контејнерскиот брод од Мериленд не е Украинец

Украинецот кој се гледа на сликата која се споделува по социјалните мрежи бил капетан на „Дали“ во 2016 година, што е комплетно ирелевантно за несреќата во март 2024 година

-

Компанијата „Синерџи“ за Асошиејтед прес истакна дека капетанот и целиот екипаж на контејнерскиот брод, којшто удри во мост во Мериленд по што тој се урна, биле од Индија. Украинецот кој се гледа на скриншот фотографијата од објавата, бил наведен како капетан на „Дали“ од 19 март 2016 година до 27 јули 2016 година. Од „Синерџи“ за Асошиејтед прес изјавиле дека двајцата „пилоти“ – надворешни лица, локални специјалисти, кои го навигираат бродот во и надвор од пристаништата, имале државјанство на САД, како што пропишува законот. Според властите, нема докази за намерен чин или за терористички напад. Сè укажува на несреќа, велат тие. Тоа што на „Дали“ во 2016 во текот на неколку месеци имало капетанот Украинец, е комплетно ирелевантно за инцидентот во март 2024, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија од едно лице заедно со други негови лични податоци. Во склоп на објавата се споделува и втора фотографија со наслов:

Капетанот на контејнерскиот брод кој го сруши мостот во американската држава Мериленд е државјанин на Украина.

Во описот на самата објавата пишува:

А цело време мислел дека е Кримскиот мост.

Откако огромниот контејнерски брод „Дали“ удри во мост во Мериленд долг 2,5 километри (Key Bridge) и предизвика тој да се урне, корисниците на социјалните мрежи почнаа да споделуваат фотографија од веб-страница, за која велат дека докажува дека капетанот на „Дали“ бил Украинец.

Бројни светски сервиси за проверка на факти наведуваат дека не е вистина дека капетанот на контејнерскиот брод кој предизвика да се урне мостот во Мериленд, бил Украинец.

Проверувачите на факти на „Асошиејтед Прес“ пишуваат за скриншот од датабазата на „Балтик шипинг“, на кој се прикажани двајца морнари за кои се наведувв дека работеле на „Дали“, вклучително и 52 годишен Украинец, за кој се вели дека се пријавил за капетан.

Скриншотот за кој пишува „Асошиејтед Прес“  се користи и во објавата што ја рецензираме за да се инсинуира дека тој бил капетан на бродот „Дали“, кој удри во мостот во Балтимор и ја предизвика несреќата. Но, од компанијата „Синерџи“ за „Асошиејтед Прес“ истакнаа дека капетанот на контејнерскиот брод, како и целиот екипаж во моментот на несреќата, биле од Индија.

Од Сингапур Маринтајм, пак, за Политифакт велат дека на „Дали“ имало 22 членови на екипажот. Политифакт, исто така, пишува дека екипажот бил од Индија.

Сајтот од каде се споделува објавата со украинскиот државјанин не е владин извор, сајт на група за трговија, ниту пак, кредибилна база на податоци. Платформата „Блтик шипинг“ се опишува себеси како портал за пронаоѓање работни места за луѓето вклучени во бродската индустрија, пишуваат проверувачите на факти на Лид Сторис.

„Дали“ почнал да плови од Балтимор, кога удрил во Ки Бриџ, напиша компанијата во соопштение. Од „Синерџи“ за Асошиејтед Прес изјавиле дека двајцата „пилоти“ имале државјанство на САД и давале дирекции за бродот како што пропишува законот.

„Пилоти“ се надворешни лица, локални специјалисти, кои имаат познавање од локалните води и го навигираат бродот во и надвор од пристаништата. Тие го навигирале контејнерскиот брод „Дали“ во времето на несреќата и двајцата се американски државјани зашто така налага законот.

Украинецот, кој се гледа на скриншот фотографијата од објавата што ја рецензираме, бил наведен како капетан на „Дали“ од 19 март 2016 година до 27 јули 2016 година. Според резимето, „Дали“ пловел под знамето на Маршалските Острови во тоа време и со него управувала грчка компанија наречена Oceanbulk Maritime. Како што пишува АП, листингот со фотографијата од објавата што ја рецензираме е отстранет од страницата на Балтик шипинг.

Според властите, нема докази за намерен чин или за терористички напад. Сè укажува на несреќа, велат тие. Тоа што на Дали во 2016 во текот на неколку месеци имало капетан Украинец, е комплетно ирелевантно за инцидентот во март 2024.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита.

 

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...