fbpx

Туск: Германија мора да направи повеќе за безбедноста на границите на ЕУ

-

Германија мора да биде доволно силна во бегалската криза за да може да помогне во безбедноста на надворешните граници на ЕУ, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, пред состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел.

Туск ја пофали Германија која има водечка улога во справување со бегалците, како најлиберална и најтолерантна во Европа и го повика Берлин да направи повеќе за да ја стави моменталната ситуација под контрола.

– Одговорност во лидерството, исто така, значи и обезбедување на надворешните граници на ЕУ, заедно со другите членки. Разбирам дека Германија поради историски причини може да има тешкотии со воспоставувањето строг режим на своите граници, но нејзина одговорност е како европски лидер да ги контролира надворешните граници на ЕУ – изјави Туск.

Туск неколкупати ја истакна итноста за затварање на европските граници додека Меркел притискаше државите да покажат поголема солидарност и одговорност спрема бегалците.

Меркел и Туск денеска ќе се сретнат во Берлин, пред самитот ЕУ-Африка, кој в среда и в четврток ќе се одржи во Малта по повод бегалската криза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...