Во Скопје, Битола, Тетово и во Кочани утринава воздухот е енормно загаден, а мерните станици покажуваат концентрации на честичките ПМ10 од 120 до 230 микрограми на еден кубен метар.
Во скопски Центар е измерена највисока концентрација од 230 микрограми честички на еден кубен метар, во Лисиче – 215, Тетово – 200, Карпош – 170, мерните станици кај Ректорат и во Миладиновци покажуваат 150 микрограми на еден кубен метар, а во Кочани и во Битола – 120, односно 100 микрограми на еден кубен метар.
Загадувањето, односно концентрациите се повисоки во попладневните часови и во текот на ноќта. Така, во Тетово максимално се измерени 553 микрограми, во Карпош – 400, Центар – 350, Лисиче – 320, кај Ректорат и во Миладиновци по 250, во Битола – 200 и во Кочани – 144 микрограми на еден кубен метар.