fbpx

Нови штетни честички присутни во воздухот во Тетово

-

Во воздухот во Тетово се појави нов загадувач, кој повеќе месеци ги надминува дозволените граници. Се работи за озон, присутен во приземниот слој на атмосферата, чија концетрација не треба да биде поголема од 120 микрограми на еден кубен метар, а присуството на озонот во воздухот достигна и двапати поголема вреднот од дозволеното, покажуваат неколкуте податоци на Миниситерството за животна средина објавени годинава.

Озонот предизвикува иритација на очите и на грлото, кашлица, проблеми во респираторниот тракт, астма и отшетување на белите дробови, вели доктор Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија. Според него, главен причинител за зголемената концетрација на озонот во воздухот се издувните гасови од возилата.

– Штетниот озон се наоѓа во тропосферата, во зоната на дишење, за разлика од корисниот озон, кој се наоѓа во стратосферата и ја штити земјата од ултравиолетовите зрачење. Штетниот озон настанува под дејство на азотниот диоксид и јаглеродниот водород, кои се лесно испарливи органски соединенија, а главен причинител за нивно создавање е зголемената концетрација на сообраќајот и сообраќајнит хаос присутен во градот неколку години наназад – изјави Давидовски.

Со зголемената концетрација на озон во воздухот, индексот на аерозагаденост во градот е влошен со уште еден параметар. Од вкупно пет штетни супстанции, во воздухот во Тетово изминативе неколку месеци, регистрирани се три штетни параметри: ПМ10-четичките, озонот, а пред околу два месеци имаше и присуство на азотен диоксид, кој, исто така, ги надмина дозволените граници.

– Големото присуство на озон и на азотен диоксид ја зголемуваат концетрацијата на ПМ10-честички, кои се најопасни по здравјето на човекот и секојдневно се присутни во воздухот – изјави д-р Давидовски.

И покрај штетните супстанции, кои во воздухот ги предизвикува сообраќајниот хаос, градските власти засега не презеле конкретни мерки за ублажување на состојбата во сообраќајот. Граѓаните велат дека во Тетово нема доволно паркиралишта, кој како сака се паркира, а сето ова го парализира сообраќајот.

Од Општина Тетово неколкупати најавија спроведување на мерки во сообраќајот, кои би го намалиле аерозагадувањето, меѓу кои забрана за достава на стока од 8 до 18 часот, пренасочување на тешките товарни возила надвор од градот и отворање на повеќе паркиралишта. Но, од наведените мерки засега во практика ништо не е реализирано. Концетрацијата на штетниот озон и на ПМ10-честички во воздухот во Тетово и изминативе неколку дена ги надминува дозволените граници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Премиерот на преодната Влада, Талат Џафери, како и претседателот Стево Пендаровски, упатија честитка до граѓаните по повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот. „Како држава, треба секогаш да размислуваме...