fbpx

Што е Груевски, премиер или шеф на агенција за вработување?

-

Градска болница, Национален парк „Галичица“, спроведување интервјуа за работа во Управата за јавни приходи, се само мал дел од вработувањата за кои интервенирал премиерот Никола Груевски, а се објавени во разговорите од последната „бомба“ на СДСМ.

За секое вработување, па дури и кога не станува збор за високи позиции, Груевски морало да биде консултиран или да знае кој ги предлага лицата што биле планирани да се вработат.

Еве дел извадоци од разговорите во кои премиерот „средува“ вработувања за членовите на партијата.

Лена: Претседателот ми прати едно за потпис и ми рече прашај ја Горде, за Одбор за контрола на материјално финансиско работење на јавната установа Национален парк „Галичица“, Охрид, кој ги предложил овие?

Јанкулоска: Кире знае точно, он има листа зошто јас знам дека стално прашува премиерот.

Груевски: Кај Наташа треба уште пет градежни инженери, нискоградба. Пушти ти до сите штабови…

Груевски: Колку луѓе ќе бидат примени во УЈП?

Јанкулоска: Мислам триесетинаа дека беа?!

Груевски: Кој ги прави интервјуата таму?

Јанкулоска: Интерна комисија од кај Горан.

Груевски: Па, како они можат да оценат кој е најдобар?

Јанкуловска: Во стручниот дел, во тој нивниот стручен дел, оти они поминуваат административна проверка, исполнува неисполнува…

Груевски: Познавајќи го Горан, кој ќе му ургира и врши притисок најмногу, тој ќе помине одма да ти кажам. Јас предлагам ние една екипа да направиме, економисти, да ги направи интервјуата и  готово. Ние пак ќе им дадеме предност на нашите, ама кој наши е друго прашање.

Груевски: Со овој зборев од Воена, ми го објасни следното дека ако ги прими тие нашите пет, три одделенија нема да му функционираат бидејќи нема лекари специјалисти. Го прашав кои му  се имињата на тие он што сака да ги прима, ми ги даде и ми укажа дека скоро за сите има некаква ургенција, поддршка од наши функционери или од самите комитети. Со обзир дека ми личи дека му држат аргументите дека нема да му функционираат, со намера сум, а се консултирав и со Зоран, да му го предложам следното: да ги прими он сега нашите што се од листата, а по изборите да му дадеме согласност и за овие пет.

Јанкулоска: Јас да ви кажам, претседателе, зошто во Тетово сум и уште од прееска ви ја напишав пораката у таа насока дека ќе ги решиме и неговите.

Влатко Илиески (вработен во кабинетот на премиерот)

Илиевски: Абе види сакав да те прашам во врска со овие нови вработувања во Градска болница, има колу 30 сестри и не знам колку инженери кои се запрени во агенција. И Стојче од кај тебе и од здравство збореле вчера-завчера. Што е крајната одлука?

 Јанкулоска: Директорот мора да почитува тоа што сме му дале насоки. Он си прима кого сака.

Илиески: Добро, тоа ме интересираше, значи не ги почитува, зошто он рече дека ги почитува.

Јанкулоска: Не е точно, он и кај докторите си ги прими тој што си ги сакаше луѓето, сега пак си бута свои, кој му текне вака непотистички. И, нормално, за тоа вика „јас за тоа имам дозвола од премиерот“. Тешко ѓубре е тој човек.

Илиески: А за тоа што биле избрани ќе биде проблем?

Јанкулоска: Тој нека си најде начин да го поништи. Ние му даваме еден список, он си бира кого сака и вика „е сега е завршено, изборот е завршен“. По мене, изборот е или да најде начин да го испочитува списокот што сме му го дале или да го смениме него, неговите луѓе нека влезат на работа и следниот директор што ќе дојде, ќе почитува.

Јанкулоска: Нели ти и премиерот сте збореле за вработувања нови во МВР? За која бројка зборевте?

Сашо Мијалков: Јас му кажав 1.000. Мора да кажеш нешто нереално за да дојдеш до реално.

На трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, Груевски најави 20.000 до 25.000 нови вработувања.

Тој најави и дека 3.000 граѓани ќе добијат работно место со мерката за вработување на волонтери и граѓани кои се вработени со договор на дело.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...