fbpx

Вечерва Скопје, Битола, Кичево, Велес, Кочани и Кавадарци дишат отров

-

Во 20 часот загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопје, Битола, Кичево, Велес, Кочани и во Кавадарци е на многу високо ниво. Во Скопје, нивото на канцерогените ПМ10-честички изнесува 195 микрограми на еден кубен метар, што е за речиси четирипати повеќе од дозволените 50 микрограми.

Многу високо ниво на ПМ10-честичките се забележува и во скопските општини Карпош, Лисиче, Гази Баба и на мерната станица Ректорат. Високо ниво на загаденост има во Центар и во Тетово, а средно ниво има во Миладиновци. Во Центар се забележува средно ниво, а во Карпош многу високо ниво и на ПМ2,5-честички.

Најголем степен на загаденост во изминатите денови се забележува во доцните вечерни часови помеѓу 22 часот и 1 часот по полноќ.

Во случај на надминување на прагот од 50 микрограми на еден кубен метар на ПМ10-честички и во пет последователни дена, Министереството за животна средина и просторно планирање издава предупредување да се користи јавниот превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, за затоплување на простории да не се користи каков било синтетички материјал и правилно да се користат печките на дрва.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...