fbpx

Вчера Тетово беше загадено 17 пати повеќе од дозволеното

-

Загадувањето на амбиенталниот воздух утрово е на високо ниво. Во скопските населби Лисиче, Центар и во Битола, Тетово и во Велес, концентрацијата на ПМ10-честичките е на високо ниво. Во Карпош, Гази Баба, Кичево и во Кавадарци канцерогените ПМ10-честички се на средно ниво.

Во Центар и во Карпош, на единствените мерни станици каде се мерат и ПМ2,5-честичките нивната вредност е на високо ниво.

Синоќа во вечерните часови, кога загадувањето е на највисоко ниво, концентрацијата на ПМ10-честичките во Тетово достигна 830 микрограми на еден кубен метар, што е за речиси 17 пати повеќе од дозволените 50 микрограми на еден кубен метар.

Дел од жителите на Тетово вчера носеа и заштитни маски, а некои не се осудуваа да излезат од своите домови.

– Не знам како ќе ја поминеме зимава, жално е за децава да дишат загаден воздух. И јас и децата веќе имаме сува кашлица. Ова е неподносливо. Нè печат очите. Не можеме ниту прозорец да отвориме – вели жител на Тетово.

Од Центарот за јавно здравје Тетово велат дека во периодот што следи се очекува помлагливо време, а аерозагадувањето ќе биде уште поголемо.

И додека граѓаните и здравствените институции укажуваат на последиците од опасниот воздух и предупредуваат за уште поголемо аерозагадување, властите не преземаат никакви мерки што би придонеле во градот под Шара да има почист воздух.

И покрај неколкуте најави, Општина Тетово нема воведено во градот јавен сообраќај, не се размислува ниту за обиколници, па целиот транзитен сообраќај кој оди за Косово, Скопје или Гостивар поминува низ центарот на Тетово.

Локалната власт, иако не ги реализираше ваквите ветувања, сега, повторно пред почетокот на таканаречената сезона на загаден воздух, вели дека ќе го регулира сообраќајот за намалување на аерозагадувањето.

Не се преземаат мерки ни против индустриските капацитети. Голем дел од фирмите од Тетовско немаат интегрирана еколошка дозвола Б, а сè уште трае постапката за добивање таква дозвола за најголемиот индустриски капацитет „Југохром“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...