fbpx

„Витаминка“, единствена македонска компанија на романскиот саем „Индагра фуд“

-

„Витаминка“ беше единствената компанија од Македонија присутна на еден од најголемите европски саеми за храна, „Индагра фуд“ во Романија.

– Често сме присутни на саемските манифестации и се трудиме да ги следиме сите затоа што досега оваа стратегија се покажала како продуктивна. Бројните придобивки почнуваат со изложувањето на производите и со нивниот прв контакт со локалните потрошувачи или, пак, со дистрибутерите и со трговците – велат од компанијата.

Меѓународниот трговски саем за прехранбена индустрија „Индагра фуд“ е една од најважните платформи за промовирање на компании и на нивните производи од цела Европа.

Поврзувајќи ги производителите и трговците од локалниот и од соседните пазари, овој саем привлекува сè повеќе компании, кои својот развој го гледаат во проширување кон странските пазари.

На последното саемско издание, своите производи ги имаа изложено повеќе од 150 компании, а манифестацијата беше посетена од повеќе од 10.000 посетители.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...