среда, 11 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: производи | 69 резултати

СТО одлучи дека американските царини за кинеските производи воведени во 2018 година се незаконски

16 септември 2020

Комисијата за решавање спорови при Светската трговска организација (СТО) донесе одлука дека американските царини за кинеските производи во вредност од над 200 милијарди долари се незаконски. На овој начин, оценува Комисијата, американските мерки ги кршат клучните принципи на меѓународната трговија и условите под кои Вашингтон се приклучил кон Светската трговска организација. Министерството за трговија на […]

Танасоски: Увозот и извозот на стоки се врши без никакви пречки

23 март 2020

Увозот и извозот на стоки во земјава оди регуларно и без никакви пречки, одговори на новинарско прашање директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски на денешната прес-конференција во Владата. „Секое зголемување на увозот е добредојдено за нас, но сакам да информирам дека имаме и зголемен извоз кај кондиторската индустрија што е многу добро за нашата економија,“ […]

Хигиенските производи за жени во Шкотска ќе станат бесплатни, кај нас и натаму се луксуз

25 февруари 2020

Револуционерна одлука на шкотските власти: хигиенските производи за сите жени наскоро ќе се делат бесплатно. Шкотскиот парламент се очекува денеска да ја донесе оваа  одлука, со што Шкотска ќе стане првата земја во светот која се одлучи на ваков потег. Според одлуката, производите, како што се тампони и влошки, ќе бидат бесплатни за сите жени […]

Ангеловска: Ќе се зголеми прагот за ослободување од царина кај малите пратки 

18 ноември 2019

Расте бројот на мали пратки што граѓаните и компаниите ги порачуваат преку интернет, па оттука Министерството за финансии, Царинската управа и Владата се соочуваат со години со барањето да се зголеми прагот на вредноста до која пратките се ослободени од плаќање увозни давачки. Министерката за финансии Нина Ангеловска најави дека се размислува за негово зголемување, […]

Цените на тутунот, на туристичките аранжмани и на автомобилите ја подгреаа инфлацијата

30 септември 2019

Умерена инфлација во нашата земја, но под ризик од притисокот на цените на странските пазари. Според најновите мерења, во август во споредба со jули трошоците на живот се зголемени за 0,3 отсто додека цените на мало за 0,2 отсто, се вели во неделната економска анализа на „Порталб.мк“. Сепак, позначајно зголемување на трошоците на живот е […]

Во првите шест месеци пораст на индустриското производство, во јуни пад во однос на истиот месец лани

30 јули 2019

Индустриското производство во јуни годинава во однос на јуни лани бележи намалување од 2,7 отсто, а вкупно за периодот јануари-јуни годинава има раст од 4,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јуни 2019 година, во однос на јуни лани, бележи пораст од 5,2 […]

Прометот во индустријата со пораст од 12,9 проценти во првите пет месеци

12 јули 2019

Во периодот јануари – мај прометот во индустријата се зголемил за 12,9 проценти, годинава во однос на истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во мај годинава, во однос на мај минатата година, бележи пораст кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 5,1  процент, „капитални производи“ […]

Компаниите бараат заедничко царинење на стоките помеѓу Македонија, Србија и Албанија

17 април 2019

Компаниите при Стопанска комора на Македонија (СКМ) бараат заедничко царинење на стоките помеѓу нашата држава со Албанија и Србија. Според мониторингот направен од страна на СКМ на граничните премини Табановце и Ќафасан најмногу задржувања на превозниците има кога треба да се прави фитосанитарна контрола (околу три часа) и ветеринарна контрола (еден ден). „Компаниите бараат потпишување […]

Индустриското производство лани повисоко за 5,4 проценти од 2017 година

30 јануари 2019

Индустриското производство лани зголемено за 5,4 проценти во однос на 2017 година, информира Државен завод за статистика. Во декември пак, индустриското производство е зголемено за 7,9 проценти во однос на истиот месец 2017 година. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, […]

МЗШВ: Земјоделците можат да поднесат барања за легализација на фармите до крајот на 2018

23 ноември 2018

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информираше дека до крајот на годинава, земјоделците можат да достават барања за легализација на изградените објекти, фарми на градежно земјиште. „Барањата за легализација треба да се поднесат во општините на живеење. Продолжувањето на рокот е со цел да им се излезе во пресрет на големиот број на граѓани, […]

Вучиќ апелираше до Србите од Косово да избегнат конфронтација

22 ноември 2018

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ порача Србите на Косово да дадат се од себе, за да спречат конфронтација и сите заедно по мирен пат и со дозволени политички средства да се борат за своите интереси, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Оваа изјава на Вучиќ следува откако Косово го зголеми данокот за увоз на српски […]

Вучиќ на средба со амбасадорите поради одлуката на Косово за зголемување на данокот

21 ноември 2018

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ оствари средба со амбасадорите на Кина, Русија, САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија откако владата во Приштина објави дека го зголемува данокот на производите од Србија од 10 на 100 отсто, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Владата на Косово ја усвои одлуката за зголемен данок за увоз на […]

Извозот во првите осум месеци зголемен за 24,3 проценти

4 октомври 2018

Извозот во првите осум месеци изнесува 4.428.642.000 долари и бележи пораст од 24,3 проценти во однос на истиот период лани. Вредноста  на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5.885.969.000 долари што е за 21,4 проценти повеќе од лани. Трговскиот дефицит, во првите осум месеци од годината изнесува 1.457.327.000 долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот […]

Размената со Русија падна за 13 проценти, причините не се политички туку економски

6 септември 2018

Трговската размена помеѓу Македонија и Руската Федерација бележи опаѓање од 12,7 отсто, што е помалку за 9,3 милиони долари во однос на истиот период од минатата година, беше истакнато на трибината на Македонско-руската стопанска комора и еднодновната обука на тема „Особености на рускиот пазар и стратегија на успех (потенцијал, можности, реализација)“. Исто така, загрижувачки е што […]

АХВ забрани увоз на свињи и свинско месо од Бугарија, поради африканска свинска чума

3 септември 2018

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги засили мерките за надзор и контрола на болеста африканска свинска чума, по добиената потврда на 31 август дека оваа болест е присутна во селото Тутраканци во реонот на Варна, Бугарија, информираат од АХВ. „Агенцијата донесе решение за забрана за увоз и транзит на свињи, производи и нус-производи од […]

МЗШВ: Штетата од царината на Косово за земјоделските производи е околу 180.000 евра

7 август 2018

Одлуката на Косово, со која царините за овошјето и зеленчукот од Македонија беа зголемени за 30 отсто, предизвика штета од околу 180.000 евра или 2.000 тони нереализиран извоз, одговори денеска на новинарско прашање, шефот на кабинетот во Министерството за земјоделство, Трајан Димковски. Тој додаде дека штетите се пресметани врз основа на извозот реализиран лани од 18 до 31 […]

Бектеши: За најскоро време очекуваме взаемно прифатливо решение со Косово

27 јули 2018

По средбата помеѓу министерот за економија Крешник Бектеши и косовскиот министер за трговија и индустрија Бајрам Хасани, забелешките за комплетно отстранување на заштитната мерка за повисока царина на одредени земјоделски производи, треба да се најдат пред косовската Влада. Иако мерката е делумно повлечена за поголем број производи, односно од 21, остана на сила за само […]

Бектеши од Хасани денеска ќе бара целосно укинување на царината од Косово

27 јули 2018

Mинистерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе се сретна со косовскиот колега Бајрам Хасани за повлекување на царините за земјоделските производи кои останаа неопфатени со одлуката на косовската Влада. „Во име на досегашната успешна трговска и, воопшто, економска соработка со Република Косово се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик со мојот косовски колега, а дека […]

МЗШВ очекува целосно повлекување на одлуката на Косово

26 јули 2018

Разговорите кои Владата и надлежните министерства ги водеа со Косово во изминатиот период вродија со плод, Приштина веќе ја повлече зголемената царина за дел од производите, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). „Утре, министерот за економија Крешник Бектеши, ќе се сретне со неговите колеги во Косово каде ќе се бара решение и […]

Министрите од регионот го повикаа Косово целосно да ги укине зголемените царини

25 јули 2018

Министрите од регионот денеска во Белград на заеднички состанок ја повикаа косовската Влада целосно да ги укине зголемените царини за извоз на земјоделски производи во Косово, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тие ја поздравиле одлуката на Косово за делумно укинување на зголемените царини, но побарале од Приштина итно и целосно да ги […]

Страна 1 од 4