fbpx
Таг: производи

таг: производи

Бектеши од Хасани денеска ќе бара целосно укинување на царината од Косово

Mинистерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе се сретна со косовскиот колега Бајрам Хасани за повлекување на царините за земјоделските производи кои останаа неопфатени со одлуката на косовската Влада. „Во име на досегашната успешна трговска и, воопшто, економска соработка со Република Косово се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик со мојот косовски колега, а дека средбата ќе резултира со решение...

МЗШВ очекува целосно повлекување на одлуката на Косово

Разговорите кои Владата и надлежните министерства ги водеа со Косово во изминатиот период вродија со плод, Приштина веќе ја повлече зголемената царина за дел од производите, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). „Утре, министерот за економија Крешник Бектеши, ќе се сретне со неговите колеги во Косово каде ќе се бара решение и надминување на проблемот. Сите досегашни...

Министрите од регионот го повикаа Косово целосно да ги укине зголемените царини

Министрите од регионот денеска во Белград на заеднички состанок ја повикаа косовската Влада целосно да ги укине зголемените царини за извоз на земјоделски производи во Косово, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тие ја поздравиле одлуката на Косово за делумно укинување на зголемените царини, но побарале од Приштина итно и целосно да ги укине воведените зголемени царини за...

Индустрискиот промет на странските пазари во пораст, на домашниот со пад

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари во првите пет месеци е зголемен за 12,4 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во мај 2018 година, во однос на истиот месец лани бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 9,3 проценти, капитални производи...

Странските заинтересирани за соработка со домашните компании, но им треба поддршка

Стопанската комора на Македонија ги споила домашните и странските компании кои би можеле да соработуваат, а најголем интерес за соработка пројавиле компаниите од автомобилската индустрија, информираше денеска Јадранка Аризанковска од Стопанската комора на Македонија. Таа додаде дека на домашните компании им треба поддршка и помош за градење капцитети за да може да се реализира соработката. Од комората очекуваат 10 до 15 компани да...

Реципрочните мерки на ЕУ кон САД за царинење на производи почнуваат од денеска

Европската унија од денеска почнува со воведување царини на увоз на американска стока, како одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини на увоз на челик и на алуминиум од Европа. ЕУ нагласува дека ќе воведе царина за американски стоки меѓу кои се челик, земјоделски производи, бурбон путер од кикирики и сок од портокал. Тарифите се во вредност...

Во првиот квартал, уделот на земјоделството во БДП пораснат за 5,1 отсто

Во земјоделството е забележан пораст од 5,1 отсто во првиот квартал, во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во овој период земјоделство, шумарство и водостопанство учествуваат со 6,6 отсто во домашниот бруто-производ, за разлика од истиот период во 2017 година, кога овој процент изнесувал 1,5. „Високиот раст во областа на земјоделството се должи на повисока откупна...

Брисел ќе забрани продажба на второкласни производи во Источна Европа

Европската комисија подготвува предлог-закон со кој ќе се регулира различниот квалитет на навидум исти производи на пазарот во Европска Унија. На овој начин, потрошувачите ќе се заштитат од продажба на производи кои се рекламираат како исти, а имаат значајни разлики во составот и карактеристиките. - На почетокот на мандатот, од Европска комисија ми рекоа дека се додека производот е сигурен за...

Во Скопје протеран руски дипломат, во Москва почнаа „Денови на македонската зимница“

Додека во Македонија, МНР донесе одлука за протерување на руски дипломат заради случајот „Скрипал“, во исто време во Москва почна манифестацијата „Денови на македонската зимница“ која од вчера се одржува во огромниот комплекс „Фуд сити“ во Москва. На оваа манифестација која ќе трае до утре, настапуваат пет македонски компании. „Најголемиот интерес се очекува да предизвика ајварот, но промоција ќе биде направена и...

Половина од увезениот цемент под стандардите, градежниците бараат контрола

Производителите на градежни материјали бараат поголема контрола на увезените цемент и арматура и заштита на домашното производство, изјави денеска претседателот на Здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали при Стопанска комора, Андреа Серафимовски. Тој додаде дека, неколку компании на свој трошок, го тестирале квалитетот на увезените градежни производи на случаен примерок и утврдиле дека, 50 отсто од испитаниот цемент...

Индустриското производство во ноември е зголемено за 4,1 отсто во однос на лани

Индустриското производство во ноември, е зголемено за 4,1 отсто во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Од јануари до ноември пак, индустриското производство е зголемено минимално, од 0,5 проценти во однос на истиот период лани. Зголемување на производството има кај преработувачката индустрија каде што се бележи пораст од 5,7 проценти. Во овој сектор, најголемо зголемување на производството има кај прехранбените...

Германската полиција трага по маж кој става отров во храната во продавниците

Непознат маж ставал отровна супстанца во храна, вклучувајќи и храна за бебиња која се продава во супермаркетите во Германија, за да изнуди повеќе од еден милион евра, соопшти денеска германската полиција. Во соопштението се наведува дека, лицето испратило електронска пошта до полицијата откако ставило голема количина на отров во производи во супермаркетите на југот на Германија. Лицето се заканувало дека тоа ќе...

Македонија, дел од алијансата против трговијата со опрема за мачење и за смртни казни

Македонија од вчеравечер е членка на меѓународната алијанса за запирање на трговијата со производи кои се користат за извршување смртни казни и за мачење. Меѓународната група е формирана за време на 72. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, кое се одржува оваа недела во Њујорк, а на иницијатива на Европската Унија, Аргентина и на Монголија. Во алијансата членуваат 58 држави...

Николовски со колегите од Србија и од БИХ ќе дефинира став за извозот во Хрватска

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во Сараево ќе се сретне со своите колеги од БИХ и од Србија, Шемсудин Дедиќ и Бранислав Недимовиќ. Тројцата министри на средбата се очекува да дефинират заеднички став во врска со правилникот за контрола при увозот на овошје и на зеленчук што го воведе Хрватска. Со новиот правилник за увоз на овошје...

Постојат двојни аршини за стоката за западот и за истокот на Европа, призна Јункер

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод-Јункер, по средбата со словачкиот премиер Роберт Фицо во Брисел, призна дека навистина постои проблем со двојните аршини за продуктите и стоките наменети за Западот и за посткомунистиките земји кои се членки на ЕУ. Јункер оцени дека проблемот не е безначаен и дека практиката на различен состав е неприфатлива, но рече дека за тоа веројтано нема да...

СДСМ: Покрај субвенции, договорен е и поголем откуп на лубеници

Владата предводена од СДСМ активно работи на надминување на проблемите, преку мерки што ќе ја стабилизираат цената на лубениците и ќе ги санираат штетите на производителите на бостан, се вели во реакцијата на СДСМ, на прес-конференцијата на Ванчо Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението се додава дека ВМРО-ДПМНЕ 11 години манипулирала со земјоделците, а субвенциите и другите мерки за помош ги...

Македонски прехранбени производи изложени на саем во Мостар

Македонски прехранбени производи се изложени на Саемот за храна во Мостар, кој се одржува од 4 до 8 април. На промотивен штанд на саемот, изложени се македонско вино, јагнешко месо, традиционално овчо сирење, домашен ајвар, лутеница, малиџано. Од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство информираат дека на саемот се претставуваат повеќе од 800 изложувачи од 30 земји. На отворањето на манифестацијата присуствувале...

Македонските компании ќе користат позитивни искуства од унгарските

Системот „Хунгарикум“ кој ги обединува и промовира националните автохтони унгарски производи и услуги, беше презентиран пред претставници на македонски компании во хотелот „Гранд плаза“. Целта на оваа конференција организарана од Сојуз на стопански комори на Македонија, во соработка со Амбасадата на Унгарија во Македонија и со Министерството за земјоделство на Унгарија, е да се презентираат позитивните примери, да се направи размена на искуства,...

Прометот во индустријата е зголемен за 10,7 проценти за првите девет месеци во однос на лани

Во првите девет месеци од годинава, прометот во индустријата во однос на истиот период лани бележи зголемување од 10,7 проценти, објави Државниот завод за статистика. Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар за истиот период е зголемен за 1,1 отсто, а прометот остварен на странските пазари е зголемен за 12,6 проценти. Прометот во индустријата во септември во однос на истиот месец лани...

Шилегов: Тринаесетта плата за секое семејство

„Со двајца вработени по семејство, со намалување на невработеноста, со продуктивни работни места, не со фиктивни како што ни се нудат досега, ќе успееме да внесеме среќа во секое наше семејство за да ги зачуваме младите и да обезбедиме живот во нашата држава онаков каков што заслужува секој наш граѓанин поединечно“, изјави носителот на кандидатската листа на СДСМ во изборната...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...