fbpx

Во првите шест месеци пораст на индустриското производство, во јуни пад во однос на истиот месец лани

-

Индустриското производство во јуни годинава во однос на јуни лани бележи намалување од 2,7 отсто, а вкупно за периодот јануари-јуни годинава има раст од 4,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јуни 2019 година, во однос на јуни лани, бележи пораст од 5,2 отсто, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6,7 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 34,3 отсто.

Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на прехранбени производи, на пијалаци, тутунски производи, облека, кожа и слични производи од кожа, метали, фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и производство на компјутерски, електронски и оптички производи.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, бележи пораст кај енергијата за 29,9 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 2,6 отсто, додека опаѓање бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 4,7 отсто, капитални производи за 3,1 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,1 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...