fbpx

Ангеловска: Ќе се зголеми прагот за ослободување од царина кај малите пратки 

-

Расте бројот на мали пратки што граѓаните и компаниите ги порачуваат преку интернет, па оттука Министерството за финансии, Царинската управа и Владата се соочуваат со години со барањето да се зголеми прагот на вредноста до која пратките се ослободени од плаќање увозни давачки. Министерката за финансии Нина Ангеловска најави дека се размислува за негово зголемување, а оптималниот праг ќе го дадат анализите што во моментов се прават во министерството.

-Кога зборуваме за олеснувањето на прекуграничната е-трговија треба да се земат предвид двете страни. Константни се барањето на граѓаните за зголемување на прагот на вредноста на стоки што подлежат на ослободување од плаќање на царина. Од друга страна има голем притисок на одредена категорија на граѓани кои низ превезот на поголеми повластици сакаат да вршат нелегална трговија. Затоа работиме на  подобрување на процесите и зголемување на ефикасноста – рече Ангеловска, на промоцијата на скенерот за контрола на поштенски пратки во царинската испостава Пошта-Скопје, донација на Амбасадата на САД во Македонија.

Според важечката регулатива, мала пратка чија вредност надминува вредност од 45 евра подлежи на плаќање на увозни давачки. Во ЕУ, тој праг е 150 евра. Притоа, граѓаните што се враќаат од странство преку граничен премин, можат со себе да носат стоки во вредност од 350 евра, и за нив да не платат увозни давачки.

-Разговараме прагот да се зголеми на околу 80-90 евра. Кој е оптималниот праг ќе покажат анализите што во моментов се прават во Министерството за финансии – посочи Ангеловска.

Податоците покажуваат дека во царинска испостава Пошта Скопје, во 2018 година вкупно пристигнале 4.392 пратки, а во првите шест месеци од 2019 година 2.811 пратки, што покажува дека бројот на пратки расте со темпо од околу 30 проценти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...