fbpx

Утре ќе се прскаат улиците со калциум магнезиум ацетат

-

Градот Скопје утре, во 11:30 часот, на крстосницата на булеварот Свети Климент Охридски со улицата Свети Кирил и Методиј ќе почне со третирање на градските улици со средството калциум магнезиум ацетат, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух.

Калциум магнезиум ацетат е средство што се користи за контрола и за намалување на ситната прашина и на честичките ПМ10 и ПМ2,5, како и за стабилизација на патиштата.

„Важно е да се нагласи дека брзината на улиците каде што ќе се аплицира средството калциум магнезиум ацетат ќе биде ограничена на 40 километри на час, заради можна појава на лизгавост на коловозот. На улиците ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Градот Скопје за оваа намена има подготвено сообраќаен проект. Трите сообраќајници, булеварот Свети Климент Охридски и улиците Свети Кирил и Методиј и Јордан Мијалков, се избрани од причина што во непосредна близина се наоѓа мерната станица за квалитет на амбиенталниот воздух на Министерството за животна средина и просторно планирање, па најлесно ќе може да се споредат резултатите пред и по третирање со КМА“, информираат од Град Скопје.

Калциум магнезиум ацетат е еколошки производ, биоразградлив, не е штетен за растенијата и не е корозивен.

Искуствата од европските градови каде што се користи ова средство укажуваат дека со негово аплицирање, потенцијалот за намалување на прашината е од 10 до 30 проценти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...