fbpx

МВР го истражува демолирањето на верскиот објект во Крива Паланка

-

По протестот против градење џамија во Крива Паланка и „исламизација на градот“, демолирана била приватната куќа наменета за верски обреди, за што СВР Куманово покрена постапка за истражување на случајот.

„Околу 18.30 часот, кога во објектот немало никој, од засега непознати сторители, било извршено оштетување на објектот. Полицијата излезе на местото на настанот и по овластување на јавниот обвинител, извршен е увид, при што е констатирано дека е направено оштетување на осум прозорски стакла и на дел од инвентарот во куќата. Од полициските службеници преземени се сите оперативно тактички мерки, при што е извршен преглед на пошироката околина и прибавени се сознанија од извршено анкетирање на околу 40 лица што живеат и работат во околината на местото на настанот“, информираат од МВР.

Исламската верска заедница и муфтиството во Куманово, под чија надлежност припаѓа и градот Крива Паланка, го осудија чинот и бараат од надлежните органи бргу да се пронајдат сторителите. Тие, исто така, го осудија чинот на ширење верска нетолеранција, која ги поткопува меѓуетничките односи во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...