fbpx

Почна сезоната на загаден воздух – ќе се задушуваме цела зима!

-

Почетокот на грејната сезона ги донесе првите денови со зголемена загаденост на воздухот, особено во вечерните и во ноќните часови. Загаденоста во последните неколку дена повеќе од петпати ја надминува дозволената граница.

Зголемено ниво на концентрациие на ПМ10-честичките заеблежано е во сите скопски општини, како и во Тетово, Битола и во Кавадарци.

Во скопската населба Лисиче, загаденоста синоќа во 22 часот изнесуваше 237 микрограми на еден кубен метар, што е за речиси петпати повеќе од дозволените 50 микрограми. Во Тетово во 23 часот беше регистрирана загаденост од 246 микрограми на еден кубен метар, во Битола – 232, а во Кавадарци – 220 микрограми.

Денеска напладне, пак,  во скопската општина Центар и во Тетово забележана е висока концентрација на ПМ10-честичките, а во Гази Баба, Лисиче, скопски Карпош и во Битола средно ниво на загаденост. Во Центар и во Карпош има и високо ниво и на ПМ2,5-честички.

Во случај на надминување на прагот од 50 микрограми на еден кубен метар на ПМ10-честички и во пет последователни дена, Министереството за животна средина и просторно планирање издава предупредување да се користи јавниот превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, за затоплување на простории да не се користи каков било синтетички материјал и правилно да се користат печките на дрва.

Минатата година еколошките друштва алармираа дека мерките што институциите ги преземаат не се ефективни и дека тие треба да се применуваат многу порано, пред да почне грејната сезона, а не откако ќе почне задушувањето.

– Mерките на надлежните институции не само што не се ефективни, туку не се ни преземаат. Интересно е што граѓаните буквално се задушуваат во нечист воздух, а надлежните се однесуваат како ништо да не се случува. Долг период Скопје е најзагаден град во Европа, а градските татковци мирно спијат, без никакво чувство на одговорност – вели Ненад Коциќ од „Вила Зора“.

Еколошите здруженија велат дека загадувањето најмногу доаѓа од сообраќајот, загревањето во домовите, индустријата и од други помали загадувачи. Дополнително негативно влијание имаат климатските фактори, градежните работи, лошите сообраќајни решенија и местоположбата на градовите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...