fbpx

В недела ќе се маршира против загаденоста

-

Скопјани в недела ќе маршираат против загаденоста под мото „Кој е крив што градот ни е сив?“, во организација на здружението за заштита на животната средна „Го грин“. Маршот ќе почне напладне во Паркот на новинарите, а крајот на маршрутата ќе биде кружниот тек кај Католичка црква, кај АМСМ.

„Облечете се во темни бои, како смогот кој нè задушува, земете со себе транспаренти со пораки за почист воздух и, секако, (гас)маска. Дојде време да мораме да маршираме за да го имаме она што бесплатно на сите ни следува. Нека овој марш биде што помасовен за да го привлече вниманието на надлежните органи, а дотогаш ние ќе маршираме прашувајќи „Кој е крив што градот ни е сив?“, стои во фејсбук-поканата за настанот.

Од здружението велат дека Скопје е најзагаден европски град и бараат конкретни мерки за да се спречи загадувањето.

„Неотворањето прозорец и седењето дома не се решение за загадениот воздух. Кој е крив што дишеме смог? Кој е крив за полните болници? Кој е крив што градот ни е сив“, прашуваат од „Го грин“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...