fbpx

МНР заседава поради долгот на Македонија кон ОН

-

Во Министерство за надворешни работи во моментов во тек е состанок за новонастанатата ситуација со долгот кон ОН. Имено, на нашата земја ѝ е одземено правото на глас на Генералното собрание на Обединетите нации поради долг кој изнесува 24.606 американски долари, се вели во писмото кое е испратено на 12 јануари од генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, пренесува „Радио Моф“. Ваквиот чекор е во согласност со член 19 од Повелбата на ОН.

На листата на држави кои го изгубиле гласот се наоѓаат Гренада, Киргистан, Гвинеја, Руанда, Сомалија и Јемен.

„Членка на Обединетите нации, која доцни во плаќањето на своите финансиските придонеси на организацијата, нема да има гласање на Генералното собрание ако износот на долгови е еднаков или поголем од износот на придонеси што се должи од него, за претходните две полни години. Генералното собрание, сепак, може да дозволи таква земја да гласа ако неуспехот да се плати е поради условите кои се надвор од контролата на земјата“, стои во писмото.

Правото на глас на наведените земји-членки ќе им биде вратено откако ќе ја намират целосната сума за членарината.

На ова реагираа од Либералната партија од каде велат дека „површноста на партизираната администрација и незаинтересираноста за надворешната политика на Владата на ВМРО-ДПМНЕ очигледно ја доживува својата кулминација“.

– Веруваме дека не мора да потсетуваме дека долгот мора веднаш да се плати. Една гипсана плоча помалку во барокното „Скопје 2014“ веќе ќе го намири долгот. Ако не, веруваме дека пратениците ќе се откажат од трошоците барем за едно службено патување годишно“, пишува во соопштението на Либералната партија.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...