fbpx
Таг: војници

таг: војници

Македонија ќе побара поголем број на странски полицајци за чување на границата кон Грција

Македонската влада на денешната седница го разгледа извештајот на Управувачкиот комитет за координација и справување во системот за управување со кризи за состојбата со мигрантската криза во нашата земја, информираат од владината прес - служба. Владата донела повеќе заклучоци кои тргнуваат од фактот дека Македонија веќе има воспоставен систем за управување со мигрантската криза кој е подготвен и функционален за...

Пендаровски: Во моментов не е регистриран поголем број на илегални мигранти

Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски денеска изврши обиколка на позициите на Армијата стационирани на јужната граница на државата. Пендаровски потенцираше дека во моментов не е регистриран поголем број на илегални мигранти, освен вообичаените за овој период од годината и додаде дека не се очекува поголем бран на мигранти коишто од соседна Грција би влегле во Македонија....

Зголемен бројот на војници и полицајци на грчката граница, поради евентуалниот нов бран мигранти

Управувачки комитет за координација и управување во системот за управување со кризи денеска одржа состанок посветен на најновите состојби со справување со евентуален нов бран мигранти, информираат од Владата. „Македонија воспостави систем од претходната бегалска криза и тој систем е подготвен и функционален да одговори на предизвиците со кои би се соочиле како транзитна земја. Во 2019 година беше продолжена...

Прилеп им оддаде почит на десеттемина бранители што загинаа на Карпалак

Делегација на прилепските здруженија на бранители вчера изутрина положија свежи цвеќиња и им оддадоа почит на загинатите 10 прилепски бранители, коишто загинаа кај месноста Карпалак на автопатот Скопје - Тетово, на 8 август 2001 година, во време на воениот конфликт. Свежи цвеќиња беа положени и на нивните вечни почивалишта, а се одржа и панихида во црквата „Света Петка“ во населбата...

Вишокот од Министерство за одбрана ќе оди во пензија, старите војници во државна агенција

АРМ чистење одбрана војска
Околу 300 вработени во Министерството за одбрана (МО) ќе заминат од оваа институција, најголемиот дел во пензија. Истовремено, се подготвува решение за продолжување на кариерата на војниците по навршување на 45 години старост. Тие, заедно со цел еден сектор од Министерството, веројатно ќе станат дел од нова државна агенција која, во рамки на плановите за ослободување од несуштински дејности...

Војската ќе се подмладува со по 250 нови војници годишно

По 250 нови војници ќе се вработуваат секоја година, во рамки на трансформацијата на АРМ која почна со Стратегискиот одбранбен преглед (СОП), донесен минатата година, потврди Министерството за одбрана информациите за „Мета“. До утре трае јавниот оглас за прием на 125 професионални војници, првиот контингент регрути за годинава. Минатата година, со три конкурси, беа вработени 375 нови војници. Поради постојаните кратења...

Најголемата воена вежба во земјава ќе ја видат во осум градови

Осум градови во земјава ќе видат дел од војниците и опремата кои ќе учествуваат во досега најголемата и најсложената воена вежба во Македонија, „Одлучен удар“, која од денеска до 9 јули ќе се одржи на воениот полигон Криволак. На вежбата ќе учествуваат 2.600 војници од АРМ и од САД и стотина нивни колеги од Албанија, Бугарија, Црна Гора и...

Годинава 2.300 војници на АРМ во 30 вежби од Шпанија до Грузија

Војници од специјалните сили „волци“ на АРМ штотуку завршија воена вежба во Албанија, ренџери од Полкот за специјални операции учествуваат на американска регионална вежба во Хрватска, а пред нив, на истата вежба, но во Словенија, учествуваше вод од баталјонот за противвоздушна одбрана. Годинава 2.300 војници на АРМ учествуваат на 30 воени вежби од Шпанија до Грузија, вклучувајќи и две...

„Зелени беретки“, Ф-16 и Б-52 на Криволак, но без осиромашен ураниум

Повеќе од еден месец, околу 2.700 војници од шест земји ќе учествуваат на најголемата и најсложената воена вежба досега одржана во Македонија. На вежбата „Одлучен удар“, од 5 јуни до 9 јули на полигонот Криволак ќе учествуваат по околу 1.300 македонски и американски војници и трупи од Албанија, Бугарија, Литванија и Црна Гора. Ова е досега и најголема и најсложена...

Ревизорите во Министерството за одбрана утврдиле незаконски набавки, нецелосен попис и неосигурен имот

Слабости во системот за јавни набавки во одбраната, незаконитости во набавките, нецелосен попис на имотот и неосигурен имот на Министерството за одбрана и АРМ утврдил Државниот завод за ревизија (ДЗР) во извештајот за буџетот на Министерствоот за 2017 година. Ревизорите изразиле неповолно мислење за вистинито и објективно прикажување на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната...

Министерството за одбрана ги бара парите за комуналии за воените станови

Општина Карпош и Градот Скопје да му вратат 10 милиони денари на Министерството за одбрана, за комуналиите за воени станови, бара ресорната министерка Радмила Шекеринска, по чиј налог во 2017 година е стопиран проектот „АРМ мој вистински дом“. Државниот завод за ревизија смета дека треба да се преиспита оваа одлука поради парите кои веќе се потрошени. Со проектот требаше во...

Македонските војници задолжително ќе одат во мисии на НАТО

Министерството за одбрана подготвува предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за одбрана со кој се дефинираат правилата за ангажман на нашите војници во мисиите на НАТО. „Со овој предлог на закон ќе се овозможи распоредување на припадниците на Република Северна Македонија надвор од територијата Република Северна Македонија во операции и мисии на НАТО на задолжителна основа, како и непречено...

„Одземени овластувањата“ на припадниците на АРМ кои ширеа лажни вести, дисциплинската постапка е при крај

АРМ им одземало „одредени овластувања“ на двајцата свои припадници осомничени за ширење лажни вести, кои ги откри белгискиот истражувачки новинар Мартен Шенк. Против двајцата, инаку мајор-офицер за безбедност и професионален војник, АРМ најавува и други санкции, по формалното завршување на дисциплинската постапка. „Едниот припадник е повлечен од мисијата во Босна и Херцеговина, каде што досега бил. Превземени се чекори за...

Нова квазиисториска лекција на бугарскиот весник „24 часа“

Бугарскиот весник „24 часа“ вчера објави текст кој привидно се однесува на работата на заедничката македонско-бугарска комисија за учебниците и за историјата, но всушност претставува уште едно држење лекции за историјата, но онака како што ја гледаат бугарските национал-романтичари. Во статијата во која се изнесуваат традиционалните бугарски историски погледи, кои не ги земаат предвид фактите што ги утврдила и македонската...

Војниците со 45 години ќе може да се вработат во АРМ и MO како цивили без конкурс

Министерство за одбрана подготвува предлог-закон за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија за решавање на статусни прашања на професионалните војници на кои работниот однос им престанал со навршување на 45 години возраст како и решавање на статусни прашања на лицата со посебни специјалности од особено значење за Армијата. „Професиналните војници на кои им престанал работниот однос...

Шекеринска: Голем дел од парите за исхрана на војниците не се искористувале

Ќе направиме нов правилник за исхрана на војниците во АРМ, а голем дел од парите наменети за нивна исхрана досега не се искористувале, поради што ќе мора да преземеме одредени промени, за што веќе разговарав со Генералштабот на АРМ, објасни министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Одговарајќи на новинарско прашање на денешниот брифинг со уредниците и новинарите за самитот на НАТО,...

Двајцата повредени војници се во стабилна состојба

Двајцата повредени војници се со прострелни рани и повреди на левата натколеница, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче, по нивната посета на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар. - Едниот војник е на 28, а другиот е на 37-годишна возраст. И кај двајцата ќе се направи интервенција во текот на попладневните часови...

Најмалку 11 загинати во напад на воена база во Кабул

Најмалку 11 војници загинаа, а 15 се ранети во напад на воена база во близина на воената академија во главниот град на Авганистан, Кабул, соопшти авганистанското министерство за одбрана, пренесуваат светските медиуми. Во нападот учествувале петмина милитанти, од кои четворица се убиени за време на нападот, а еден е уапсен, рекле од министерството. Како што јавува новинската агенција „Амак“, одговорноста за...

Хамас испука ракети, Израел бомбардираше од воздух, двајца Палестинци загинаа

Двајца Палестинци се убиени во судирите со израелската војска во Газа, а од почетокот на судирите биле повредени 1.100 луѓе, соопшти палестинското Министерство за здравство. Судирите продолжија вчера и денеска, како ескалации на муслиманското востание по признавањето на американскиот претседател Доналд Трамп на Ерусалим за главен град на Израел. Израелските војници застрелале 30-годишен маж близу Кан Јунес, додека учествувал во...

Поради поплави, евакуирани повеќе од 100 семејства во Албанија

Врнежите во Албанија предизвикаа излевање на реките и поради тоа евакуирани се повеќе од 100 семејства, 120 километри југозападно од Тирана, соопшти Министерството за одбрана на Албанија. Официјалните лица наведоа дека поплавени се 3.334 куќи, како и 3.016 хектари земјоделско земјиште. Невремето остави 23.000 луѓе без струја, а летовите од аеродромот во Тирана се откажани. Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека...

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...