fbpx

Ревизорите во Министерството за одбрана утврдиле незаконски набавки, нецелосен попис и неосигурен имот

-

Слабости во системот за јавни набавки во одбраната, незаконитости во набавките, нецелосен попис на имотот и неосигурен имот на Министерството за одбрана и АРМ утврдил Државниот завод за ревизија (ДЗР) во извештајот за буџетот на Министерствоот за 2017 година. Ревизорите изразиле неповолно мислење за вистинито и објективно прикажување на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики. Во годината за која се однесува ревизијата се смени власта, а Министерството за одбрана, кое го предводеше Зоран Јолевски, го презема актуелната министерка Радмила Шекеринска.

– Во постапките за јавни набавки и реализација на склучените договори констатиравме состојби кои не се во согласност со законската регулатива – наведуваат ревизорите.

Прва забелешка на ревизорите се јавните набавки на Министерството за одбрана.

–  Воспоставениот начин на планирање и спроведување на постапките за јавни набавки не го покрива ризикот од несоодветно утврдување на потребата од набавката, несоодветната проценка на средствата потребни за набавка и на техничките карактеристики на добрата, што придонесува за ненавремено склучување на договорите и слаба реализација на годишниот план за јавни набавки – се наведува во извештајот.

Министерството не го осигурало имотот и нема податоци за неговата вредност, стои во извештајот. Проценетата вредност на постојаните средства и извори на деловните средства не е реална, од причина што не се води целосна финансиска евиденција на набавки, поправки, ремонти.

Ревизорите забележуваат и дека таа година, 2017, била во вакуум, затоа што сè уште не биле донесени низа стратегиски документи кои требало да бидат донесени во 2015 година. Тоа, според ревизорите, влијаело врз реализацијата на целите на Министерството, како и на неговото функционирање.

„Стратешкиот план за извршување внатрешна ревизија за периодот 2017-2019 година и Годишниот план за внатрешна ревизија за 2017 година не се одобрени, поради што секторот за внатрешна ревизија нема спроведено ревизии во 2017 година“, се наведува во извештајот.

Во својот одговор кон забелешките, поранешниот министер Јолевски нагласил дека, поради коректност, овие документи му ги оставил на потпис на својот наследник, но именувањето на новата влада се одолговлекло.

Се одолговлекува и имплементацијата на Логистичкиот информатички систем-ЛИС, софтвер за долгорочно, среднорочно и годишно планирање, програмирање, буџетирање и извршување во Министерството и АРМ, иако е почната уште во 2011 година, констатирале ревизорите.

Меѓу другите забелешки, ревизорите утврдиле и дека Министерството непотребно плажало ДДВ.

„Утврдивме несоодветна примена на одредбите на Законот за додадена вредност во однос на преземање обврски за плаќање на даночен долг за извршен промет градба, реконструкција и одржување на капацитетите на Министерството и АРМ , односно промет кој е во насока на извршување на јавните функции, за кои Министерството не е ДДВ обврзник“, наведуваат ревизорите.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создадени само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...