fbpx

Пендаровски: Во моментов не е регистриран поголем број на илегални мигранти

-

Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски денеска изврши обиколка на позициите на Армијата стационирани на јужната граница на државата.

Пендаровски потенцираше дека во моментов не е регистриран поголем број на илегални мигранти, освен вообичаените за овој период од годината и додаде дека не се очекува поголем бран на мигранти коишто од соседна Грција би влегле во Македонија. Но, и да се случи тоа, како што рече, сите надлежни институции се подготвени.

„Државните органи на дневна основа следат што се случува тука, имаме и на дневна основа размена со партнерските служби, практично на дневна основа има и состаноци на управувачкиот комитет во Центарот за управување со кризи каде што секоја надлежна институција има свој претставник, вклучително и Кабинетот на Претседателот. Од неодамна е, според закон, активиран и новиот орган за координација на службите кои исто така имаат дневни проценки, дневни анализи. Од пред два дена, можам да ви кажам дека и армискиот контингент тука го зголемивме, не можам да зборувам за бројки, бидејќи тоа се класифицирани информации, меѓутоа го зголемивме. Не во очекување на некој голем бегалски бран, меѓутоа  во очекување на тоа што евентуално може да се случи, да не не фати неподготвени. Знам дека истото се случува и со единиците на вработените од МВР”, истакна Пендаровски.

Истовремено, како што додаде претседателот Пендаровски, притисокот од мигранти сега е на турко-грчката граница и дека бранот на бегалци наликува на оној во 2015 и 2016 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...