fbpx

Македонија ќе побара поголем број на странски полицајци за чување на границата кон Грција

-

Македонската влада на денешната седница го разгледа извештајот на Управувачкиот комитет за координација и справување во системот за управување со кризи за состојбата со мигрантската криза во нашата земја, информираат од владината прес – служба.

Владата донела повеќе заклучоци кои тргнуваат од фактот дека Македонија веќе има воспоставен систем за управување со мигрантската криза кој е подготвен и функционален за да одговори на предизвиците како транзитна земја, и дека дел од тој систем е постојаната комуникација со партнерите на нашата земја во НАТО и ЕУ, како и со сите земји во регионот.

„Во таа насока е и заклучокот на Владата да се побара од земјите со кои Северна Македонија непосредно соработува со нивните полициски припадници на нашата јужна граница, да се зголеми бројот на полициски службеници, кои со зголемениот број на припадници од Министерството за внатрешни работи и на Армијата ќе ги споделат оперативните ангажмани во случај на раст на бројот на мигранти“, се вели во владиното соопштение.

Владата заклучила да побара и да ја прифати веќе понудената техничка помош од Меѓународната организација за миграции (ИОМ), од УНДП, УНХЦР, како и од Европската Комисија и другите интервентни фондови како за Министерството за внатрешни работи така и за Министерството за одбрана, вклучително и обезбедувањето на резерви со храна, вода и друг потрошен материјал.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...