fbpx

Нова квазиисториска лекција на бугарскиот весник „24 часа“

-

Бугарскиот весник „24 часа“ вчера објави текст кој привидно се однесува на работата на заедничката македонско-бугарска комисија за учебниците и за историјата, но всушност претставува уште едно држење лекции за историјата, но онака како што ја гледаат бугарските национал-романтичари.

Во статијата во која се изнесуваат традиционалните бугарски историски погледи, кои не ги земаат предвид фактите што ги утврдила и македонската историографија но и на оние изнесени од светски историчари и антрополози, една од работите што посебно упаѓа в очи е обидот на „24 Часа“ да го претстави влегувањето на војниците на фашистичка Бугарија во текот на Втората светска војна како општонародно поздравено од Македонците.

Иако е неоспорно дека во некои градови и села на војниците им се подарувало цвеќе и биле топло поздравувани, весникот „заборава“ дека таквите пречеци биле организирани од мал дел од тогашното население, а никако „цели градови“ како што се тврди. Иако била присутна еуфорија, што секако била предизвикана од тоа што се истиснати воените и полициските сили на Кралството Југославија, таа сепак кратко траела. Наскоро населението на територијата на денешна Македонија увидува дека новата власт не е многу подобра од претходната и многу бргу спласнува поддршката, што е позната работа за која што сведочи за што сведочи и универзитетскиот професор Михаил Огњанов, родум охриѓанец, а Бугарин по самосознание, кој во својата книга „Македонија – преживеана судбина“ ги изнесува и своите вакви согледувања, но и согледувањата на бугарски чиновници.

На весникот „24 часа“ му пречи и што во македонските учебници се зборува за „бугарски фашистички окупатор“, но светската историографија одамна ја сместила тогашна Бугарија во фашистичките режими, како земја што многу бргу се приклучува на оската Рим-Берлин-Токио.

Следствено, пишувањето на весникот може да биде неоспорно за национал-романтичарите од бугарска провиниенција, но никако за „сувата“, односно објективната историографија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...