Војската ќе се подмладува со по 250 нови војници годишно

-

По 250 нови војници ќе се вработуваат секоја година, во рамки на трансформацијата на АРМ која почна со Стратегискиот одбранбен преглед (СОП), донесен минатата година, потврди Министерството за одбрана информациите за „Мета“.

До утре трае јавниот оглас за прием на 125 професионални војници, првиот контингент регрути за годинава. Минатата година, со три конкурси, беа вработени 375 нови војници.

Поради постојаните кратења на буџетот од 2008 до 2017 година, АРМ петнаесет години не можеше да ја достигне бројната состојба од 8.167 војници, проектирана уште со Стратегискиот одбранбен преглед во 2004 година. Војската до денес успеа да стаса до бројна состојба од околу 6.800 војници, која е и новата проекција со СОП од 2018 година.

„Несоодветното финансирање во последната декада резултираше со негативно кумулативно влијание врз способностите и капацитетите на АРМ… Структурата на персоналот во АРМ отстапува од проекциите и практично не е одржлива. Постои вишок на офицери со високи чинови, особено на старешини со чин полковник и потполковник, а во исто време постои и недостиг од офицери и подофицери со почетни офицерски и подофицерски чинови“, стои во СОП.

Јавниот оглас за прием на 125 професионални војници беше објавен на 6 јуни, а трае петнаесет дена. Кандидатите мора да се полнолетни, но не постари од 25 години, да имаат македонско државјанство и отслужен доброволен воен рок. Министерството за одбрана им нуди почетна плата од 21.000 до 24.000 денари и тригодишен договор за работа, кој може да се продолжува повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години старост на војникот.

Со новите војници треба да се пополни природниот одлив на веќе „подостарените“ кадри, кои ќе бидат пензионирани или прераспоредени во други државни институции. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска веќе најави дека војниците по надминување на старосниот праг би можеле да бидат вработени во државно претпријатие за обезбедување и услуги за војската и нејзините објекти.

Целосно блокиран патот кон Кожув, граѓаните не дозволуваат багерите да стигнат до Дошница

Пристапот кон реката Дошница на планината Кожув ќе биде под целосна блокада, најавија граѓанските здруженија кои се борат против изградбата на две хидроцентрали на оваа река. Тие велат дека пристап кон...

Земјотрес ги погоди Валандово и Струмица

Земјотрес со јачина од 3 степени го погоди регионот на Струмица и на Валандво, соопштија во Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје . „Телеметриската сеизмолошка мрежа, на сеизмолошките станици инсталирани ширум...

Дизелот поскапува за половина денар, бензините поевтинуваат

Од ноќеска, бензините поевтинуваат за денар и половина, а дизел горивото поскапува за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе чини 74 денари...

Едно лице почина во пожар кај реката Лепенец во Ѓорче Петров

Во пожар кој вчера зафатил неколку штали и помошни простории близу реката Лепенец во Ѓорче Петров, изгорело едно лице и добиток, потврдуваат во Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 18 часот...

Целосно блокиран патот кон Кожув, граѓаните не дозволуваат багерите да стигнат до Дошница

Пристапот кон реката Дошница на планината Кожув ќе биде под целосна блокада, најавија граѓанските здруженија кои се борат против изградбата на две хидроцентрали на оваа река. Тие велат дека...