Македонски и американски армиски командоси на Криволак вчера ја завршија вежбата „Тројанска стапка 21“ („Trojan Footprint 21“), на која на полигонот прв пат учествуваше и авион за блиска воздушна поддршка АЦ-130Ј на американското воено воздухопловство.
Фото: ЕУКОМ
Фото: ЕУКОМ
Фото: ЕУКОМ
Фото: ЕУКОМ
Фото: ЕУКОМ
Фото: ЕУКОМ
Фото: ЕУКОМ
Фото: ЕУКОМ
Фото: ЕУКОМ
Фото: ЕУКОМ
Фото: ЕУКОМ
Фото: ЕУКОМ
Фото: ЕУКОМ
Фото: ЕУКОМ
Фото: ЕУКОМ
Фото: ЕУКОМ
Фото: ЕУКОМ
Фото: ЕУКОМ
На Криволак „волци“ од Баталјонот на специјални сили на АРМ и „зелени беретки“ од 1.баталјон, 10 група на специјални сили на Армијата на САД извежбуваа содејство во специјални операции, меѓу кои блиска борба и борба во населени места, специјално извидување…
Американските сили подготвија и видео од активностите на вежбата.
Командосите извежбуваа и наведување блиска воздушна поддршка од авион АЦ-130Ј „Гоустрајдер“ на 325. сквадрон за специјална тактика на американското воено воздухопловство, вооружен со хаубица од 105 милметри и топ од 30 милиметри. На денот за високи гости, пред амбасадорката на САД Кејт Брнз и началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, војниците од земја за прв пат во историјата на полигонот наведувале оган од американскиот авион за блиска воздушна поддршка.
Фото: ЕУКОМ
Фото: ЕУКОМ
Фото: ЕУКОМ
Фото: ЕУКОМ
Фото: ЕУКОМ
Фото: ЕУКОМ
„Trojan Footprint 21“ е годишна вежба на американската Команда за специјални операции-Европа што годинава од 4 до 14 мај се изведе во Македонија, Романија, Бугарија, Црна Гора и Грузија, а учествуваа вкупно 10 НАТО и партнерскиз земји. Тоа е една од двете вежби на специјалните и силите за специјални операции на НАТО кои истовремено се одржаа во Европа, а се во склоп на масивниот комплекс вежби „Европски бранител 21“ („Defender Europe 21“), каде што од Балтик до Балкан учествуваат повеќе од 28.000 војници од 27 нации.
Околу 1.100 македонски војници, 300 американски и тимови од армиите на Бугарија и Грција ќе учествуваат во воената вежба „Одлучен удар 21“, што од понеделник до 2 јуни ќе се одржи на Армискиот полигон „Криволак“. Вежбата е дел од комплексот вежби „Европски бранител 21“ („Defender Europe 21“) на НАТО и Армијата на САД, што се спроведува на 30 полигони во 12 европски земји од Балтикот до Егејот, со фокус на Балканот и Црноморскиот регион. Во „Бранител“ учествуваат повеќе од 28.000 војници од 27 земји-членки на НАТО и партнерски нации, а вежбата е дизајнирана како одговор на агресија и треба да ги прикаже способностите за стратегиско распоредување на силите и одговор на криза.
Целите на македонската вежба се зголемување на борбената готовност на дел од силите предвидени за операции на НАТО, подобрување на содејството меѓу сили на различни земји, но и на конвенционални и специјални сили. На „Одлучен удар“ ќе учествува Вториот пешпадиски баталјон на АРМ, тим од специјалните сили – Баталјонот на специјални сили „Волци“ и воздухопловна компонента. САД испраќаат единица на Националната гарда на Флорида и 4. бригада за поддршка на безбедносни сили и два хеликоптера од 1.бригада на борбената авијација. На вежбата ќе учествува и по еден тим бугарски и грчки сили за специјални операции и два авиона Ф-16 на грчкото воздухопловство.
Фото: Министерство за обрана
– Вежбата „Одлучен удар“ е извонредна можност за јакнење на нашата интероперабилност, со останатите земји учеснички и наши сојузници од НАТО, зголемување на нашата борбена готовност и потврда за нашите напори за трансформација на Армијата – изјави директорот на вежбата полковник Блаже Николовски на денешниот брифинг на полигонот „Криволак“.
„Одлучен удар 21“ е дел од пошироката серија на вежби „Европски бранител 21“ на Командата на американските сили за Европа и Африка, дизајнирана да ја зголеми готовноста и интероперабилноста преку извежбување на способноста на вооружените сили на САД да изведат брзо распоредување на големи борбени сили, војници и опрема од САД во Европа, и заедно со сојузниците и партнерите брзо да одговорат на потенцијална криза.
– Вежбата е моќен пример за тоа како Северна Македонија е подготвена да работи со САД и со другите НАТО сојузници и вооружени сили во справување со идните закани и покажува како Северна Македонија веќе придонесува во Алијансата. Ја ценам посветеноста и водството на министерката во развојот на Криволак во полигон од светски ранг за одржување на национални, билатерални и меѓународни вежби. За крај, би сакал да истакнам дека односот меѓу нашите вооружени сили продолжува да се заснова на обострана почит и поддршка еден за друг – нагласи полковник Питер Рауел, одбранбен аташе на САД.
– Денеска можете да видите дека нашата амбициозна цел да го модернизираме и да го унапредуваме „Криволак“ била и оправдана и реална. Полигонот „Криволак“ навистина прераснува не само во национален и регионален, туку и вистински НАТО капацитет. Во изминатиот период нашите сили градеа заедно. Сега ќе вежбаат заедно. Сето тоа со цел да можат да дејствуваат и да се одбранат заедно – изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска.
Фото: Министерство за обрана
Од пред две години Министерството за одбрана почна да го контролира влијанието на вежбните врз животната средина, што во НАТО годинава се промовира како идеја во рамки на концептот „НАТО 2030“.
– Во рамките на досегашната соработка со Министерството за одбрана и лабораторијата АМБИКОН инсталира и ќе обезбеди периметарски мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух на полигонот „Криволак“ за целиот период на одвивање на вежбата. Системот ќе овозможи следење на концентрациите на суспендирани цврсти честички во реално време на две локации, а на една локаицја ќе бидат земани примероци од концентрациите на цврсти честички за одредување на нивните концентрации, но и за нивна хемиска анализа. Резултатите веднаш по завршување на вежбата во форма на извештај ќе бидат презентирани на јавноста – рече професорот Дејан Мираковски од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Од 1 мај ќе почне целосното повлекување на НАТО силите од Авганистан, најавија доцна синоќа генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и секретарот за одбрана на САД Лојд Остин по состанокот на министрите за надворешни работи и за одбрана на Организацијата на Северноатлантскиот договор.
„Во светлото на одлуката на САД да се повлечат, министрите за надворешни работи и за одбрана на НАТО денеска разговараа за следниот чекор. И одлучија дека до 1 мај ќе почнеме да ги повлекуваме силите на НАТО мисијата „Олучна поддршка“. Нашето повлекување ќе биде уредно, координирано и промислено. Планираме за неколку месеци да го завршиме повлекувањето на сите наши трупи“, рече Столтенберг на прес-конференцијата доцна синоќа.
НАТО во Авганистан во моментов има околу 9.600 војници, од кои околу 2.500 се американски. Втор по големина контингент е германскиот, со околу 1.300 војници.
Македонскиот контингент се состои од штабни офицери и инструктори, како и хируршки тим во рамки на норвешка хируршка болница. Од 2002 година во мисијата ИСАФ учествуваа околу 2.700 македонски војници, а околу 400 во мисијата „Одлучна поддршка“, која ги замени Меѓународните сили за поддршка во стабилизацијата (ИСАФ).
„Секој напад на Талибанците врз нашите трупи во овој период ќе биде дочекан со силен одговор. Отидовме во Авганистан заедно. Се прилагодивме заедно. И обединети сме во заедничкото повлекување“, предупреди генералниот секретар на алијансата.
САД најавија дека повлекувањето симболично ќе заврши на 11 септември, денот на терористичкиот напад врз кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк, по што првпат беше применет членот 5 (за колективна безбедност) од Северноатлантскиот договор и почна дваесетгодишното воено присуство на Алијансата во Авганистан.
На синоќешниот состанок, на кој преку видео-конференциска врска учествуваа министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска и министерот за надворешни работи Бујар Османи, станало збор и за концентрирањето на руски сили во близина на границата со Украина, а министрите ја повикаа Русија да ги деескалира тензиите.
На воениот полигон Криволак е подигнат КОВИД центар, како превентивен капацитет за претстојната вежба „Одлучен удар“, која ќе се одржи во мај и јуни. Полигонот за вежбата го подготвуваат инженерци на АРМ и 15. инженериски баталјон на Армијата на САД, кои пристигнаа минатиот месец.
Фото: Министерство за одбрана
Фото: Министерство за одбрана
Фото: Министерство за одбрана
Фото: Министерство за одбрана
Фото: Министерство за одбрана
„Припадниците на 15. инженериски баталјон на Армијата на САД се на Криволак. Подогнат е КОВИД 19 центар кој се надеваме дека нема да го искористиме за време на вежбата Одлучен удар. Но, ништо нема да оставиме на случајот“, информираше министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, која денеска е на Криволак.
Американските инженерци престојуваат во кампот „Стрела“ на Криволак, каде ќе останат во следните два и пол месеци.
На полигонот во моментов трае и курс за подофицери на АРМ, прв по цели 11 години
Првата пешадиска бригада на АРМ само лани спречила 1.400 обиди за илегално минување на границата и извршила 300 поправки на заштитната ограда во реонот на Гевгелија, како дел од поддршката на полицијата во обезбедувањето на јужната граница, каде што од 2015 година трае кризна состојба поради бранот мигранти, главно од Блискиот Исток. Ангажманот на бригадата беше нагласен на денешната свеченост по повод Денот на Првата пешадиска бригада, на која на војниците им беше оддадено признание за обезбедувањето на границата, но и за поддршката во справувањето со пандемијата и за учеството во операциите вон земјата.
„На сите припадници на првата пешадиска бригада го честитаме Денот на единицата. Најголемиот борбен состав во Армијата препознатлив не само по стекнатото искуство и учество во мировните операции во Авганистан и Ирак, ангажирањето на јужната граница, високите резултати од реализираните оценувања и вежбовни активности, туку и со постојаната несебична помош и асистенција на граѓаните и институциите на Република Северна Македонија секогаш кога тоа е потребно. Во состав на бригадата е нашата најголема декларирана единица-лесниот пешадиски баталјон кој во следниот период ќе ја потврди своја подготвеност на вежбата „Одлучен удар 21“, порача Генералштабот на АРМ.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска пред војниците на свеченоста во касарната „Страшо Пинџур“ истакна:
Само лани спречивте околу 1.400 обиди за илегално минување на границата…. Со околу 300 интервенции во граничниот регион кај Гевгелија, ја заштитивте и ја одржавте функционална безбедносната ограда. Ја браневте својата татковина, ги браневте своите граѓани
Кризната состојба на јужната и на дел од северната граница трае од август 2015 година, кога беше прогласена за да може АРМ да и помогне на полицијата во справување со бранот мигранти. Од тогап, Собранието на секои 6 мерсеци ја продлжува одлуката за кризна состојба. Но, откако вчера Собранието поради блокадата од Алијанса за Албанците и Алтернатива не успеа да ја продолжи кризната состојба на границата за нови шест месеци, вчера Владата донесе одлука со која ја продолжуива за 30 дена, право кое го има со Законот за управување со кризи.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска ги охрабрила македонските ИТ компании да се пријавуваат на НАТО тендери, на денешната онлајн презентација на Агенцијата на НАТО за комуникации и информации (НЦИ). Оваа агенција, која денес ја претставувал генералниот директор Кевин Шеид, е задолжена за набавка на информатички производи и услуги и напредни технологии.
– Ја отворивме вратата кон НАТО а сега ја отвораме и вратата на пазарот во НАТО. Агенцијата за информации и комуникации при НАТО денес пред неколку наши компании и експерти по информатички технологии ги презентираше можностите за учество на тендери за стручна поддршка на деловните процеси на Алијансата, во делот на комуникациски и информатички системи, сајбер одбрана, платформи, или вкупно околу 150 сервиси – објави денеска Шекеринска.
Министерката за одбрана во септември лани најави формирање на Центар за поддршка на домашните компании при настап на НАТО тендери.
– Целта ќе ни биде во првата година да обезбедиме целосна комуникација меѓу нашите компании, комори и релевантните НАТО агенции. Годишниот износ на овој пазар е околу 4 милијарди долари и навистина ќе биде голем успех ако нашите компании добијат пристап до тој пазар – најави тогаш министерката.
Агенцијата за комуникации и информации е задолжена за набавка на напредни технологии, вклучувајќи ја и одбраната од балистички проектили и сајбер одбраната. Во набавките можат да учествуваат само компании кои добиле Декларација за подобност, која се добива од националниот претставник во НАТО, а гарантира дека фирмата ги исполнува неопходните финансиски, технички и професионални квалификации за да учествува во набавките на Алијансата.
Премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска и претседателот Стево Пендаровски на денешните средби со министерот за одбрана на Кина, Веи Фенгхе ургираа тој да се заложи за што побрза испорака на нарачката на кинеските вакцини против ковид-19 од производителот „Синофарм“.
„Побарав од кинескиот министер да се заложи за побрза испорака на кинеските вакцини во Северна Македонија“, објави министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска по денешната средба со министерот за одбрана на Народна Република Кина, генерал Веи Фенгхе, кој е во официјална посета на земјава.
Премиерот Заев на средбата апелираше до министерот за одбрана генерал Веи Фенгхе да пренесе до надлежните институции во НР Кина дека Северна Македонија очекува да се забрза испораката на набавката од 200.000 вакцини од компанијата „Синофарм“ за да бидат вклучени во процесот на имунизацијата во земјата која започнува утре, информираат од владината прес-служба.
Генерал Веи Фенгхе на средбата истакна дека оваа порака ќе им биде веднаш пренесена на надлежните институции во НР Кина за да се потврди пријателството меѓу двете земји и за време на актуелната криза заради ковид-19.
И претседателот Стево Пендаровски за време на средбата со кинескиот министер за одбрана ги истакна очекувањата за скорешно финализирање на набавката на вакцини од кинеската компанија „Синофарм“, што е од особена важност за непречена реализација на масовната имунизација на населението против ковид-19.
„Ако со еден збор треба да го опишам денешниот настан, тој збор е – успеавме!“, рече премиерот Зоран Заев на денешната свеченост по повод првата годишнина од приемот на Македонија во НАТО.
По 21 година минати како кандидат за членство, Северна Македонија конечно стана членка на Алијансата на 27 март лани, кога в.д. амбасадорката во САД, Вилма Петковска, во Стејт Департментот му го предаде „инструментот за пристапување“ (оригиналниот документ за македонска ратификација на Северноатлантскиот договор) на заменик државниот секретар за Евопа и Евроазија, Филип Рикер.
„Пред една година остваривме една од најважните стратешки цели за државата усвоена со едногласна одлука на Собранието уште во 1993 година. Членството во НАТО е израз на нашата надпартиска, мултиетничка и државничка одлука за тоа дека патот напред е патот на демократијата, сигурноста, безбедноста,“ рече Заев на свеченоста во скопската касарна „Илинден“, на која се обратија и претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска и командантот на Сојузничката команда на здружените сили во Неапол, адмирал Роберт Бурк.
– Честитки за првата годишнина од членството на Северна Македонија во #НАТО. Заедно ќе продолжиме да ја зацврстуваме нашата долгогодишна соработка во одбраната и ќе придонесеме кон колективната безбедност како партнери и сојузници во НАТО, напиша британската амбасадорка Рејчел Галовеј на својот твитер профил.
Честитки за првата годишнина од членството на 🇲🇰 во #НАТО. Заедно ќе продолжиме да ја зацврстуваме нашата долгогодишна соработка во одбраната и ќе придонесеме кон колективната безбедност како партнери и сојузници во НАТО. #WeAreNATO#НиесмеНАТО#NejemiNATOhttps://t.co/xkMZ7uAqxc
Со подигање на македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел и пред пред Сојузничката команда за операции во Монс, Белгија и во Сојузничката команда во Норфолк, Вирџинија на 30 март, НАТО и формално и посака добродојде на својата 30-та сојузничка.
„Чекавме дваесет години, најмногу од сите кандидати во историјата на организацијата. При тоа бевме свесни за една вистина: членството не е гаранција дека нема да се соочуваме со предизвици, но е гаранција дека нема да се соочуваме сами,“ нагласи претседателот Пендаровски, врховниот командант на вооружените сили, во своето обраќање.
Со церемонијата на подигање на македонското знаме пред командите на НАТО на 30 март лани заврши македонската одисеја долга 26 години, 3 месеци и 4 дена од Одлуката на собранието за пристапување кон Северноатлантскиот сојуз и 20 години, 11 месеци и 2 дена откако на 25 април 1999 година на Самитот на НАТО во Вашингтон официјално стана кандидат за членство.
Поканата за македонското членство во НАТО дојде на Самитот во Брисел во јули 2018 година, по потпишувањето на Преспанскиот договор, со што престана грчкото противење на македонското членство во Алијансата. На 6 февруари 2019 година НАТО потпиша протокол со кој ја повикаа Македонија како договорна страна на Северноатлатскиот договор, а по два дена, Грција стана првата земја чиј парламент го ратификуваше пристапниот протокол за македонското членство во Алијансата. На денешната свеченост, над касарната „Илинден“ прелетаа три авиони-ловци Ф-16 на грчкото воено воздухопловство, кое веќе една година ја врши задачата на воздушно патролирање на македонското небо како дел од НАТО аранжманот за контрола на воздушниот простор на сојузниците.
НАТО бара начин да помогне во снабдување со вакцини, рече денеска адмирал Роберт Бурк, командант на Сојузничката команда на здружени сили во Неапол, кој дојде во Скопје за утрешната свеченост по повод првата годишнина на македонското членство во Алијансата.
– Често зборуваме за тоа, и на политичко и на воено ниво, постојат механизми, покрај националните напори. Како што се зголемува бројот на одобрени вакцини и можностите за нивно производство, ќе имаме повеќе можности да помогнеме да се олесни овој процес. Разгледуваме повеќе можности, се работи динамично на тоа – рече Бурк одговорајќи на новинарско прашање по средбата со министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска.
Бурк додаде дека повеќе сојузници имаат потреба од вакцини. Во вторникот, Полска донираше вакцини за имунизација на персоналот во седиштето на НАТО во Брисел и за неколку тамошни органи на Алијансата.
Зборувајќи за годишнината од пристапувањето на Македонија во Северноатлантската алијанса, Бурк, кој утре ќе ги претставува другите 29 сојузници, оцени дека земјава имала „фантастична прва година“, во која постигнала многу работи за многу кратко време. Тој се заблагодари за македонското учество во операциите на НАТО, и сегашните, но и оние во минатите две децении, за кои станало збор на средбата со Шекеринска.
– Зборувавме и за други начини на кои Северна Македонија би можела да придонесе, во момент кога се менуваат заканите со кои Алијансата се соочува. За нас се многу важни уникатните можности што ги има вашата армија – рече Бурк.
И адмирал Бурк и министерката Шекеринска ја истакнаа соработката и придонесот на Канцеларијата за врски на НАТО, која по цели две децении работа во Скопје, денеска се затвора.
– Денеска сте членка (на НАТО). Нивната работа тука е завршена – рече Бурк.
Македонскиот буџет за одбрана во 2020 година бил за 30 отсто повисок од оној во 2014 година, покажуваат споредбените податоци на НАТО. Скокот, всушност, се случил во 2019 година, кога буџетот за одбрана бил 130 милиони долари, за 29 милиони повеќе од претходната година.
Во тој период, одбраната имала најнизок буџет во 2017 година, кога изнесувал околу 94 милиони долари или 0,89 отсто од бруто домашниот производ (БДП). За споредба, годинешниот буџет на Министерството за одбрана изнесува 11,1 милијарди денари, или околу 214,3 милиони долари, што е 1,57 отсто од БДП.
Покрај износот, сменета е и структурата на одбранбениот буџет. Во 2014 година АРМ имала 5,6 отсто од буџетот наменет за нова опрема, а во 2020 година, според проценките на НАТО, тој процент бил 11,41. Во буџетот за 2021 година, пак, одбраната намени за опремување една четвртина од вкупно расположивите пари, односно 25 отсто од буџетот. Трошоците за персонал се намалени од 72,5 отсто од буџетот во 2014 на 62,6 отсто во 2020 година, а за инфраструктура се зголемени од 1,2 на 2,7 отсто.
Македонија во моментов има втора најевтина војска во НАТО, после Албанија. Одбраната во 2020 година чинела 66 долари по глава на жител, а граѓаните на Албанија, пак, за својот буџет за одбрана издоиле по 55 долари.
За споредба, во регионот Црна Гора за одбраната издвојува по 113 долари по жител, Бугарија 127 долари, Романија 222, Хрватска 229, Словенија 243, а секој жител на Грција лани платил по 459 долари за своето министерство за одбрана. Просекот во НАТО, без САД, е 503 долари по глава на жител, а со САД двојно повеќе.
Американскиот Стејт Департмент денеска одобри продажба на 54 Лесни оклопни возила (ЛОВ) „Страјкер“ за АРМ, соопштија македонското Министерство за одбрана и американската Агенцијата за безбедносна соработка во одбраната-ДСЦА. Продажбата е дел од големата операција за модернизација на АРМ, во која централен дел се лесните оклопни возила „Страјкер“ и JLTV (Joint light tactical vehicle – здружено лесно тактичко возило, н.з.)
Командно возило „Страјкер“ | Фото: General Dynamics Land Systems
Од Министерството за одбрана велат:
Ве информираме дека американскиот Стејт Департмент ја одобри набавката на 54 лесни оклопни возила од типот „STRYKER“ од страна на Владата на Северна Македонија за потребите врзани со модернизацијата на македонската Армија во согласност со стандардите на НАТО.
Оттаму додаваат дека набавката во вкупна вредност од околу 210 милиони доларие продолжување на веќе започнатиот повеќегодишен проект (2019-2024 г.) за набавка на Лесни оклопни возила (ЛОВ) како главен проект во Долгорочниот план за развој на одбранбените способности (ДПРОС) за модернизација и опремување на Армијата.
Министерството потсетува дека повеќегодишниот проект за опремување и модернизација се спроведува во соработка со Владата на САД преку програмата Foreign military sales (FMS), „при што се користат и американските фондови ERIP, CRIFF и програмата 333 со што учеството на Владата на САД ќе изнесува околу 20-25% од вкупната сума“.
„Проектот се реализира како договор „Влада со Влада“ со Владата на САД и вклучува набавка од две реномирани компании на воената индустрија на САД и тоа „Oshkosh Defense” и „General Dynamics Land Systems“. Веќе е во тек набавката на платформата JLTV од компанијата „Oshkosh Defense” и до сега се склучени сите аранжмани за набавка на околу 40 возила од оваа компанија“, наведува Министерството.
Се очекува во првата фаза да пристигнат околу 20 „Страјкери“, а испораката да почне следната година.
„Со реализација на овој проект за опремување и модернизација на Армијата покрај исполнување на побарувањата за интероперабилност произлезени од НАТО пакетот на цели на способности, се овозможува Република Северна Македонија да ги проектира и заштити своите витални и национални интереси. Во известувањето на Американската агенција за соработка во одбраната стои дека предложената набавка ‚ќе ја подобри безбедноста на сојузникот во НАТО, што е важна сила за политичка и економска стабилност во Европа, односно ќе ја подобри способноста на Северна Македонија да одговори на сегашните и идните закани со зголемување на оперативните способности, достапноста на силите и унапредувањето на воената соработка‘“, нагласува Министерството за одбрана.
Оклопни возила „Страјкер“ од 56. Страјкер бригада на Националната гарда на САД на вежбата „Одлучен удар“ на Криволак во 2019 година | Фото: МО
Веднаш по одлуката на Стејт Департментот, со соопштение се јави и американската ДСЦА:
Стејт департментот донесе одлука за одобрување можна воена продажба во странство (Foreign Military Sale-FMF, н.з.) на Владата на Северма Македонија на возила Страјкер и придружна опрема за проценета вредност од 210 милиони долари. Агенцијата за безбедносна соработка во одбраната-ДСЦА (Defense Security Cooperation Agency) денес ја издаде бараната потврда со која го извести Конгресот за оваа можна продажба
Во објавата се наведува дека македонската Влада побарала продажба на 54 возила Страјкер во конфигурации М1126 Оклопен транспортер, М1130 Командно возило и М1129 Минофрлачки транспортер (возило за минофрлачка огнена поддршка). Возилата, наведува Агенцијата, се со придружна опрема, сервис и услуги.
„Вклучени се и М2А1 миртралези со калибар .50 (12,7 мм), М6 фрлачи на димни гранати и придружни резервни делови; „Харис“ радија, Општа далечински управувана станица за оружје (Common Remote Operated Weapons Station – CROWS); напреден ГПС приемник; АН/ВАС-5 напреден визир за возачот; резервни делови и компоненти; специјален алат и опрема за проверки; публикации и технички упатства; обука; претставници за теренско одржување; инженериски, технички и логистички услуги од Владата на САД и нејзини изведувачи, и други поврзани елементи на програмска и логистичка поддршка. Проценетата вредност е 210 милиони долари“, наведува ДСЦА во соопштението.
Главниот носител на набавката ќе биде Џенерал дајнамикс ленд системс (ГДЛС), а возилата ќе бидат произведени во неговата фабрика во Лондон, Онтарио, во Канада, од каде што и потекнува оригиналниот Страјкер, варијанта на канадскиот ЛАВ-3.
ДСЦА наведува и каков персонал од производителот и од американската влада ќе дојде во Македонија за поддршка на возилата и обука на македонските возачи и механичари.
Полковникот на АРМ Драган Ковачки, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, добил дисциплинска мерка од една третина пониска плата во траење од шест месеци поради своите јавни партиски настапи и јавни закани и клевети против началникот на Генералштабот и против Врховниот командант, претседателот Пендаровски. Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ денес пратија одговор на прашање на „Мета“ за постапката против Ковачки.
„По иницијатива на началникот на Генералштабот, преку командантот на Командата за операции, Главната военодисциплинска комисија расправаше за утврдување на дисциплинска одговорност на полковник Драган Ковачки по три основи: испратена порака преку Вибер до началникот на Генералштабот во која се изнесуваат закани, клевети и обвинувања, политички пост на Фејсбук профилот на полковникот Ковачки во кој се изнесуваат неосновани обвинувања за врховниот командант на Армијата, претседателот Пендаровски и јавните настапи на полковникот Ковачки при што тој не ги почитува насоките од Правилото за односи со јавноста на Армијата, усвоено во 2016 година“, се наведува во одговорот.
Главната военодисциплинска комисија утврдила дека Ковачки сторил дисциплински престап, што е потешка од двете категории повреди на воената дисциплина опишани во Законот за служба во АРМ. Полковникот ја повредил воената дисциплина по пет основи, односно по пет точки од член 131. став 2:
13) повреда на достоинството и авторитетот на претпоставен и постар;
17) непочитување на редот и дисциплината пропишани со правилата за ред и дисциплина;
22) непреземање на мерки и постапки за примена на законските и подзаконските прописи;
28) постапка со која секогаш и на секое место, без оглед дали се во униформа или не, воениот и цивилниот персонал не води сметка за своите постапки, непримерно се однесува, не ја репрезентира Армијата и не го чува угледот и достоинството на Армијата;
31) друго постапување спротивно на правилата и прописите за вршење воена служба и овој закон.
Во следниот член, Законот ги опишува казните за дисциплински престап на активен воен персонал, активна резерва и цивилен персонал:
1) парична казна во висина од 10% до 30% од едномесечниот износ на платата исплатена во последниот месец пред извршувањето на дисциплинскиот престап во траење од еден до шест месеци на активниот воен и цивилен персонал, односно 10% до 30% од едномесечниот износ на исплатениот месечен надоместок на активна резерва;
2) забрана за унапредување во повисок чин за време од една година;
3) забрана за остварување на право за повисок степен на кариера за време од една година;
4) одземање на чин и враќање во претходниот чин;
5) губење на чин и
6) престанок на работниот однос, односно престанок на статус на активен воен персонал.
„Главната военодисциплинска комисија предложи најстрога дисциплинска мерка – губење чин, која предвидува престанок на работниот однос. Министерката Шекеринска, водејќи се по начелото на сразмерност на казната со вината, ја оцени оваа мерка за престрога. Со оглед утврдената вина од Воено дисциплинската комисија за однесувањето на полковникот Ковачки, началникот на Генералштабот како надлежен старешина ја донесе и спроведе следната пониска дисциплинска мерка, а тоа е парична казна во висина од 30% од едномесечниот износ на платата исплатено во последниот месец во траење од шест месеци. Со тоа МО и ГШ покажаа дека целосно ги почитуваат сите законски одредби, но во исто време дека истото го очекуваат и од страна на армиските старешини за кои законите мора подеднакво да важат и кои мора да понесат одговорност кога истите ги прекршуваат“, наведуваат МО и ГШ во одговорот.
Инженерците на АРМ реконструирале или пробиле 60 километри патишта на Армискиот полигон „Криволак“, кој во март интензивно се уредува во пресрет на меѓународната воена вежба „Одлучен удар 21“. Полигонот, што повеќе од една деценија се најавува како регионален полигон, добива и нови содржини, со кои се засилуваат неговите капацитети за одржување сложени воени вежби. Покрај обновата, надградбата и проширувањето на патната инфраструктура, со поддршка на САД се спроведуваат пет инфраструктурни проекти, меѓу кои две нови стрелишта за оклопни возила, за унапредување на капацитетите на полигонот.
Фото: Министерство за одбрана
АРМ и министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска вчера објавија до каде стасале инженерците на АРМ со изградба и реконструквија на патишта, која ја почнаа пред неколку месеци.
„Околу 60 км пробиени или реконструирани сообраќајници на Криволак, со ангажман на Армијата и армиските инженериски машини. Резултат за почит! Нашиот армиски полигон спремно ќе ги дочека сојузниците за вежбата “Одлучен удар 21”! “, напиша Шекеринска.
Фото: АРМ
На средината на март на Криволак ќе пристигнат околу 275 припадници на 15. Инжинериски баталој на Армијата на САД во Европа, кои со нивните македонски колеги интензивно ќе го подготвуваат полигонот за претстојната вежба.
Од Армијата соопштија:
Резултати за респект. Инженерискиот баталјон од составот на Командата за операции во текот на изминатата речиси една година интензивно извршува работни активности на АП „Криволак“ со цел подобрување на патната инфраструктура и другите објекти. Нивната неуморна работа со реализираните активности се дел од подготовките за создавање на оптимални услови за реализација на вежбата „Одлучен удар 21“ која ја отпочнуваме наскоро. Во оваа етапа од активностите вкупно се пробиени или реконструирани околу 60 км сообраќајници.
Фото: Министерство за одбрана
На крајот на февруари Шекеринска и американската амбасадорка Кејт Брнз најавија амбициозен проект за развој на Армискиот полигон „Криволак“, во пресрет на пролетната вежба на која ќе учествуваат повеќе од 1.200 македонски, околу 700 американски, како и војници од Бугарија и Грција. Планот, развиен со САД, се однесува на неколкугодишен развој на полигонот и опфаќа инфраструктурни проекти и планови за вежби.
„Со тоа ќе бидеме и конкурентни, со тоа ќе можеме да придонесеме, со тоа на некој начин ќе можеме дури да обезбедиме и финансиска надокнада, бидејќи еден дел од сојузниците бараат вакви места каде што овие вежби се возможни, каде што ќе имате доволно голем простор“, изјави тогаш Шекеринска.
Фото: Министерство за одбрана
Американската администрација, но и американските трупи кои доаѓаат на Криволак, постојано го нагласуваат значењето на полигонот како капацитет и потенцијалите кои ги има.
Шефот на Бирото на националната гарда на САД генерал Џозеф Ленгиел, кој беше на Криволак на посета на вежбата „Одлучен удар“ во 2019 година нагласи дека најголемиот полигон во регионот ќе биде клучен во извежбување и обука.
На Криволак можат да се извежбуваат сложени операции на здружени копнени и воздухопловни сили, комбинирани операции на конвенционални трупи и специјални сили, борбени операции во урбан терен… Полигонот се смета за исклучителен капацитет и според големината и климатските услови, но и инфраструктурата и поради непосредната близина на Коридорот 10.
Зградата од 4.000 квадратни метри во која се сместени Ренџерите на АРМ е целосно реконструирана, објави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, која го посети ренџерскиот павилјон во скопската касарна Илинден. Со реконструкцијата, вредна 45,5 милиони денари, е поставена нова електрична и инсталација за греење, хидроизолација и целосна термичка изолација, обнова на санитарните јазли, нов под…
– Откако го завршивме и заокруживме новиот реконструиран објект во Куманово, објектот на армиските ренџери е вториот целосно заокружен и реновиран армиски објект со целосна реконструкција, која се случува по 50 години нејзино користење, рече Шекеринска.
Во кумановската касарна беше целосно реконструиран објектот во кој сега се наоѓа командата на Мултинационалната мировна бригада на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ, а во касарната „Илинден“ во тек е реконструкција на уте неколку објекти.
Македонските специјални сили „Волци“ во Германија извежбуваат операции со американски „зелени беретки“ и колеги од други НАТО-земји, како подготовка за учество во Компонентата за специјални сили на НАТО силите за одговор. НАТО објави видео со припадници на Баталјонот за специјални намени на АРМ „Волци“, снимени на вежбата „Combined Resolve XV“ што од почетокот на февруари до петок се одржува на воените полигони Графенвоер и Хохенфелс во Германија.
Фото: принтскрин НАТО мултимедија
Фото: принтскрин НАТО мултимедија
Фото: принтскрин НАТО мултимедија
Фото: принтскрин НАТО мултимедија
Фото: принтскрин НАТО мултимедија
Фото: принтскрин НАТО мултимедија
Фото: принтскрин НАТО мултимедија
Фото: принтскрин НАТО мултимедија
Фото: принтскрин НАТО мултимедија
Фото: принтскрин НАТО мултимедија
Фото: принтскрин НАТО мултимедија
Фото: принтскрин НАТО мултимедија
Фото: принтскрин НАТО мултимедија
Фото: принтскрин НАТО мултимедија
Фото: принтскрин НАТО мултимедија
Во осумминутното видео, меѓу другото, се прикажани македонските „Волци“ како со американски специјални сили извежбуваат извидувачко-напаѓачка мисија. „Волците“ се снимени во извежбување процедури со американски повеженаменски хеликоптери УХ-60 Блекхок, соработка на „волците“ со американски Контролор на здружен терминален напад (JTAC), подготовка за извидувачка мисија, движење на конвој македонски теренски возила Хамви (HMMWV), „волци“ како обезбедуваат терен и македонски и американски Контролори на здружен терминален напад како поставуваат опрема во подготовка на напад на цел.
– Ние сме припадници на Баталјонот на специјални сили, доаѓаме од Северна Македонија и тука сме веќе неколку пати, во неколку ротации на вежбата „Combined Resolve XV“. Вредноста на оваа вежба е во интегрирањето и интероперативноста со другите членки на НАТО. Горди сме што сме членка на НАТО, вели македонскиот офицер на Специјалните сили „Волци“, Баталјонот за специјални намени на АРМ.
Видеото е преземено од Јутјуб каналот на Defense Flash News | Извор на видеото: NATO multimedia
„Имињата и ликовите на офицерите се прикриени од безбедносни причини“, наведува НАТО во синопсисот за видеото, во кое зборува и офицер на Специјалните сили на Армијата на САД.
– Придобивката од извежбување и интегрирање на сили за специјални операции од повеќе земји во ваква вежба е тоа што составува сценарио во кое можеме да извежбуваме колективна одбрана. Доколку некогаш мораме да споиме заедно различни сојузнички сили, нема да биде прв пат како минуваме низ сите системи и процеси кои би морале да ги примениме за да спроведеме операции во мултинационална средина. Ова е извонредна можност не само да ги поврземе межународните сили со американски партнери (единици, н.з.), туку и да ги поврземе меѓусебе, како и со партнерските земји, и да видиме како решаваат проблеми и работат заедно, вели офицер на американските Специјални сили, „зелени беретки“.
Силите за специјални операции од НАТО-сојузниците Северна Македонија и Романија вежбаа интегрирање со конвенционални сили за време на вежбата „Combined Resolve XV“, предводена од САД, која се одржува во Германија од 1 февруари до 5 март.
Операторите од Баталјонот за специјални намени, наречен „Волци“, работеа со нивните сојузнички колеги од 51.Баталјон за специјални операции на романската армија и специјалните сили на САД во поддршка на конвенционалните единици од различни сојузнички и партнерски нации.
На средината на февруари „волците“ и нивните романски колеги ги посетил и заменик командантот на Европската команда на Армијата на САД за специјални операции, американскиот полковник Марк ЛаРош, кој ја истакнал важноста на интероперативноста – способноста на единици од различни земји да дејствуваат заедно.
„Волците“ на вежбата се дел од Наменската група за специјални операции, задолжена за поддршка на операциите на полска механизирана бригада и на американска бригада на борбената авијација.
Вежбата здружува елементи за специјални операции кои се подготвуваат да служат како дел од Командата на компонента за специјалн и операции, предводена од Италија, која же биде дел во идна ротација на НАТО силите за одговор ( NRF – NATO Response Force). Вежбата е важен чекор кон сертифицирање за мисијата на НРФ
Околу 4.700 војници од 10 сојузнички и партнерски земји учествуваат во вежбата „Combined Resolve XV“ на воените полигони Графенвоер и Хохенфелс во Германија. Вежбата е предводена од Армијата на САД, а, покрај македонските, учествуваат и трупи од Босна и Херцеговина, Грузија, Италија, Косово, Литванија, Полска, Романија и Словенија.
За да се заштитат од зараза со ковид-19, сите земји-учеснички ги тестираа своите војници пред и по распоредувањето и ги ставија во карантин пред почетокот на вежбата. Физичкото растојание се одржуваше секогаш кога условите дозволуваа.
АРМ доби 1.269 автоматски пушки М4 на подарок од САД, донација во вредност од 1,2 милион долари, како помош во опремувањето на Лесната пешадиска баталјонска борбена група, примарната единица наменета за НАТО операции. Денешното подновување е дел од серијата набавки на вооружување и опрема кои следат, меѓу кои и пиштоли, снајперски пушки со калибар 7,62 мм, пушкомитралези, хаубици, но и веќе најавените лесни оклопни возила.
Истовремено, со оваа донација продолжува и конверзијата, односно промената на калибарот на стандардното пешадиско вооружување од досегашниот калибар 7,62 мм во 5,56 мм НАТО, која почна од поодамна.
– Ова е дел од поголем проект што го финансира владата на САД и којшто ја помага модернизацијата и опремувањето на нашите армиски сили. Со оваа опрема дополнително освен специјалните сили, коишто и досега имаа пушки од овој тип, ќе обезбедиме целосно опремување на нашата лесна пешадија која што не е само македонска единица туку е веќе и НАТО единица и која ја подготвуваме за првото НАТО оценување во 2022 година – рече министерката Радмила Шекеринска Јанковска на денешното примопредавање на донацијата во скопската касарна „Ѓорче Петров“.
Министерката нагласи дека годинава првпат во буџетот за одбрана 25 отсто се издвоени за опремување и модернизација.
– Ова е само еден дел од опремата која што ја примаме, вкупниот број на вакви автоматски пушки изнесува над 2.000, дополнително обезбедена е и заштитна опрема, и елементи коишто припаѓаат на секој војник, како и елементи кои што ги подобруваат нивните капацитети, а во текот на ’22 година очекуваме снабдување и со дополнителен број на средства за вооружување. Целиот овој проект би требало да заврши 2022 година, се работи за дополнителна воена опрема од типот на пушкомитралези, фрлачи на гранати, и придружни, но и заштитни елементи кои што ќе бидат особено корисни за секој наш војник и старешина – додаде Шекеринска.
Одговарајќи на прашање за конверзијата на стандардните калибри на АРМ, Шекеринска рече дека трае подолг временски период и дека е планирана за повеќе од 10 години.
– Ова беше само прилика да покажеме дека ние два состави веќе целосно ги заокружуваме со американска опрема, и со НАТО калибар – рече министерката.
И американската амбасадорка Кејт Брнз ја истакна соработката меѓу Македонија и САД.
– Ова е уште еден пример како работиме заедно за да бидеме сигурни дека нашите сили, кога заедно ќе се борат и кога заедно ќе тренираат ќе бидат интероперативни. Ова е заложба вашата армија да биде не само подготвена и активна, како најнова сојузничка во НАТО, туку да биде и добро позиционирана да придонесува заедно со нашите сили. Многу ми е мило што можеме да ја докажеме ширината на нашата соработка со оваа донација. Ние ќе продолжиме да бидеме стратешки партнер во активностите за модернизирање на вашата армија – истакна Брнз.
Македонските и американските трупи имаат историја на заеднички обуки, воени вежби, но и борбени операции, меѓу кои и на силите за специјални операции во „Слобода за Ирак“ и Наменските сили „Феникс“ во операции во Авганистан.
Нов меморандум за соработка во одбраната со САД, втор по постојниот потпишан во 1994 година, потпишуваат денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска и помошникот на секретарот за одбрана на САД за меѓународни безбедносни прашања Мара Карлин. Документот ќе биде истовремено потпишан во Вашингтон и во Скопје, а на потпишувањето во Министерството за одбрана присуствува и амбасадорката на САД Кејт Брнз.
„Новиот Меморандум за соработка ќе го замени постојниот Меморандум потпишан во далечната 1994 година и ќе ја отслика новата и исклучително интензивна одбранбена соработка која постои помеѓу двете земји кои остануваат стратешки партнери, но сега веќе и сојузници во НАТО – Алијансата.“, најави Министерството за одбрана.
Покрај меморандумот, со САД се во тек и неколку процедури за набавка на опрема за АРМ. Во јуни се очекува да биде потпишан договор за набавка на оклопни возила, но и за друга опрема и вооружување, меѓу кои и јуришни пушки М4.
Оклопни возила „Страјкер“ од 56. Страјкер бригада на Националната гарда на САД на вежбата „Одлучен удар“ на Криволак во 2019 година | Фото: МО
„Мета“ веќе најави дека преку договор влада-со-влада од САД ќе бидат купени 89 лесни оклопни возила (ЛОВ), пред се наменети за Лесната пешадиска баталјонска борбена група на АРМ, примарна и најголема единица одредена за операции на НАТО. Во 2019 година е потпишан меѓувладин договор за набавка на 33 лесни оклопни возила JLTV (Joint light tactical vehicle – здружено лесно тактичко возило, н.з.) од фирмата „Ошкош“, а до американската влада е доставено и барање за набавка на првите 12 од вкупно 56 оклопни возила „Страјкер“ (Stryker Infantry carrier vehicle – возило за транспорт на пешадија), што го произведува „Џенерал Дајнамикс“. Двете возила се модуларни и можат да имаат различни конфигурации, вооружување и опрема, во зависност од предвидената намена.
Амбициозен план за развој на Армискиот полигон „Криволак“ во соработка со САД најави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, која со американската амбасадорка Кејт Брнз го посети полигонот. Македонски и американски инжинериски единици во март ќе почнат интензивно уредување на Криволак во пресрет на пролетната вежба „Одлучен удар 21“, на која ќе учествуваат повеќе од 1.200 македонски, околу 700 американски, како и војници од Бугарија и Грција.
„Денеска имавме прилика од нашите и американските претставници да чуеме навистина многу амбициозен план не само за оваа година, туку и за потенцијалните вежби во 2022 година, но и за следните неколку години, во кои само од страна на САД ќе обезбедиме финансирање и поддршка на 5 проекти, со кои различни точки на Криволак ќе ги намениме за конкретно воено извежбување. Со тоа ќе бидеме и конкурентни, со тоа ќе можеме да придонесеме, со тоа на некој начин ќе можеме дури да обезбедиме и финансиска надокнада, бидејќи еден дел од сојузниците бараат вакви места каде што овие вежби се возможни, каде што ќе имате доволно голем простор“, изјави Шекеринска.
Меѓу петте проекти кои ќе ги финансираат САД се и две стрелишта за оклопни возила, од кои едното со подвижни мети, и други инфраструктурни унапредувања на капацитетите на полигонот.
На средината на март, најави Шекеринска, на Криволак ќе пристигнат околу 275 припадници на 15. Инжинериски батаљон на Армијата на САД во Европа, кои со нивните македонски колеги интензивно ќе го подготвуваат полигонот за претстојната вежба. Меѓу подготовките е и надградување на патот што минатата година го пробија македонските инженерци, кој сега ќе биде подготвен за сообраќај на тешки оклопни возила.
„Со САД и нивните вооружени сили заедно го планираме развојот на Криволак, заедно работиме на развојот на Криволак, а веќе оваа пролет ќе продолжиме заеднички и да го користиме, како еден феноменален не само локален, национален капацитет, туку пред се како НАТО капацитет. Оваа и следната недела се две недели кои ќе покажат на кои се различни начини соработуваме со нашиот стратешки партнер и во подготовки, и во реализација, и во заедничка борбена готовност, и тоа зборува и за длабоките, долги политички и одбранбени односи кои што ги имаме со САД“, рече Шекеринска.
АРМ и американските вооружени сили, кои имаат и богата заедничка борбена историја, имаат и богата историја на заеднички вежби на Криволак.
„Секоја американска единица која што имала можност да вежба на Криволак имаа само пофални зборови за просторот и неговиот потенцијал и за можностите за изведување реалистични и ефективни борбени извежбувања. Армискиот полигон Криволак е навистина уникатен капацитет за Северна Македонија. Многу сме задоволни од вашите инвестиции во полигонот, од пристапот кон идните активности и вежби, и тоа е една од причините зошто и ние инвестираме во развојот на полигонот“, изјави амбасадорката Брнз, која нагласи дека отсекогаш била импресионирана од експертизата и професионалноста на македонските војници и ги пофали плановите за развој на полигонот.
Центарот за обука на пилоти станува дел од НАТО мрежа од повеќе од 30 центри за летачка обука во Европа. Белгија е најновиот сојузник кој се приклучи на иницијативата НАТО летачка обука во Европа (НФТЕ), што во јуни лани ја покренаа единаесет сојузници – македонската министерка и нејзините колеги од Бугарија, Хрватска, Чешка, Грција, Унгарија, Црна Гора, Португалија, Романија, Шпанија и Турција.
„Оваа иницијатива ќе ги зајакне европските пилотски и капацитети за обука и ќе ја намали зависноста на НАТО од американските капацитети за тренинг, со што ќе придонесе и за подоброа поделба на обврските“, рече заменик-генералниот секретар на Алијансата Мирчеа Јоана.
Целта на НФТЕ е да обезбеди доволни капацитети за врвна пилотска обука во Европа, вмрежувајќи повеќе од 30 национални и мултинационални центри за основна, средна и напредна обука на пилоти на хеликоптери, борбени и транспортни авиони и за персонал за далечинско управување на беспилотни летала.
„Ова е висок приоритет, имајќи предвид дека за голем број помали европски сојузници националните потреби не оправдуваат постоење на национални тренинг центри. Како резултат на тоа, сојузниците често праќаат пилоти на обука во САД, што претставува дополнителен товар на американските капацитети“, објаснуваат од седиштето на НАТО.
„Нашиот Центар за обука на пилоти ќе влезе во семејството на НАТО летачката обука во Европа. Освен Северна Македонија, во иницијативата за оваа школа се и Хрватска, Грција, Чешка, Бугарија, Унгарија, Црна Гора, Турција, Португалија, Романија и Шпанија, а од денес ни се придружи и Кралството Белгија за што деновиве ставивме потпис сите министри за одбрана на овие земји. Заедништвото ги јакне можностите!“, објави министерката Радмила Шекеринска, која минатата година најави инвестиции во воздухопловството.
Хеликооптери Бел-296 на Центарот за обука; Фото: АРМ
Центарот за обука на пилоти беше отворен во 2011 година со договор на Министерството за одбрана и израелската фирма „Елбит“, вреден 43 милиони евра. Според договорот, министерството требаше на „Елбит“ да му плаќа по 5,3 милиони евра годишно во следните осум години, по што требаше да го преземе Центарот со целокупната инфраструктура, летала и симулатори.
Симулатори за хеликоптери Ми-8/17 и Ми-24 на Центарот за обука на пилоти; Фото: АРМ
На последниот ден од минатата година се изврши официјално примопредавање меѓу Генералштабот на АРМ и фирмата ЕЛМАК-Елбит системи, со што Центарот стана дел од АРМ, односно Сквадрон за обука и тренажа во воздухопловниот ВИНГ (Воздухопловна извидувачко-напаѓачка група, н.з.).
Постојана размена на информации и искуства, помош и поддршка, но и можност за координиран одговор од НАТО сојузниците на сајбер напад предвидува Меморандумот за разбирање за сајбер одбрана што го потпишале министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска и помошникот на генералниот секретар на Алијансата Давид ван Веел, претседавач на Одборот за управување со сајбер-одбраната. НАТО има такви договори со сите сојузници, а целта е да се интензивира соработката и размената на информации, знаења и најдобри практики во справување со сајбер-заканите, да се спречат сајбер инциденти и да се зајакне отпорноста на сајбер закани.
„Сајбер одбраната е приоритет за НАТО и сојузниците. Зајакнување на отпорноста од сајбер заканите кои се во развој е од критично значење, и меморандумот што го потпишавме со Северна Македонија е важен чекор“, изјавил ван Веел.
Министерката Шекеринска нагласила дека меморандумот е „сериозен придонес во јакнење на нашите национални капацитети за справување со сајбер напади, како и отпорноста на Алијансата“.
„Северна Македонија и НАТО го зајакнуваат одговорот на сајбер нападите! СО помошникот генерален секретар на НАТО Дејвид ван Вел потпишавме Меморандум за соработка кој овозможува координирана реакција на сојузниците во случај на сајбер напад“, објави Шекеринска.