fbpx

Зголемен бројот на војници и полицајци на грчката граница, поради евентуалниот нов бран мигранти

-

Управувачки комитет за координација и управување во системот за управување со кризи денеска одржа состанок посветен на најновите состојби со справување со евентуален нов бран мигранти, информираат од Владата.

„Македонија воспостави систем од претходната бегалска криза и тој систем е подготвен и функционален да одговори на предизвиците со кои би се соочиле како транзитна земја. Во 2019 година беше продолжена кризната состојба на јужната граница, и согласно оваа одлука, сите институции кои имаат обврски во услови на зголемен притисок на нашите граници го засилуваат своето присуство и ангажман. Уште во текот на денешниот ден, зголемен е бројот на припадници на полицијата и на Армијата распоредени на јужната граница и потврдени се оперативните планови за дополнителен ангажман во случај на понатамошен раст на бројот на мигранти,“ информираат од Влада.

На состанокот на Управувачкиот комитет, со кој претседавала министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, било истакнато дека владата со соодветно внимание ја следи ситуацијата и е во постојана комуникација со партнерите на нашата земја од НАТО и ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...