fbpx

Војниците со 45 години ќе може да се вработат во АРМ и MO како цивили без конкурс

-

Министерство за одбрана подготвува предлог-закон за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија за решавање на статусни прашања на професионалните војници на кои работниот однос им престанал со навршување на 45 години возраст како и решавање на статусни прашања на лицата со посебни специјалности од особено значење за Армијата.

„Професиналните војници на кои им престанал работниот однос со навршување на 45 години возраст да можат да се вработат во Армијата на Република Македонија како цивилен пероснал и лицата со песебни специјалности од особено значење за АРМ да можат да се вработат во МО без објавување на јавен оглас, со спогодба за преземање од органот каде што претходно работеле“, се вели во образложението објавено на Единствениот национален регистар на прописи на Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...