fbpx
Таг: војна

таг: војна

Макрон треба да дојде во Украина со долгометни ракети

Францускиот претседател Емануел Макрон ја најави својата посета на Украина во следниот месец, ветувајќи дека ќе донесе десетици долгометни ракети SCALP за украинските вооружени сили, јавува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Станува збор за двостран договор што треба да се финализира при посетата на Макрон на Кијив. Според Ројтерс, во деновите пред посетата на Макрон, може да се очекуваат 40...

Реклама за казино претставена како сатанистички ритуал во црква во Украина

Видео во кое се гледаат пејачи, маскирани и нашминкани како ѓаволи, кои пеат на украински, се користи од страна на руската пропаганда за да се дезинформира јавноста дека е снимено во украинска црква и како небаре Украина е сатанистичка и демонска. Но, ова видео не е снимено во црква во Украина, ниту е некако поврзано со религија, како што...

Украинските сили собориле руски шпионски и команден авион

Украина соопшти дека соборила руски шпионски авион А-50 и команден авион Ил-22 во областа на Азовското Море, пренесе „Гардијан“. Началникот на армијата Валериј Залужњи, на Телеграм напишал дека воздухопловните сили на Украина уништиле непријателски авион за откривање радар со долг дострел А-50 и непријателски воздушно контролен центар ИЛ-22. „Благодарен сум на воздухопловните сили за совршено планираната и извршената операција во регионот...

Рускиот новинар Минкин додаден на руската „црна листа“

Руското министерство за правда ги прогласи рускиот новинар Александар Минкин за странски агент, заедно со авторот на Телеграм-каналот „Moscow Calling, Андреј Куршин и поранешниот советник во Градското собрание на Москва, Јушкар-Ољи Антон Соколов, пренесуваат руските и меѓународните агенции. Заедно со нив, на листата на „странски агенти“ беа додадени и интернет-сајтот „Холод“ и еден од најпознатите руски писатели на денешнината, Григориј...

Сопрена американската помош за Украина

Помошта од САД за Украина е привремено блокирана, соопшти Белата куќа денеска, откако Конгресот не успеа да ги одобри дополнителните пари за Украина што американскиот претседател Џо Бајден ги побара на крајот на минатата година. Гласањето беше одложено, а републиканските конгресмени го условија одобрувањето на помошта за Украина и неколку други земји од 106 милијарди долари со засилување на обезбедувањето...

Руските сили во Луганск ненамерно фрлиле бомба со силна експлозивна моќ

Во областа Луганск во источна Украина, а која е окупирана од Русија, руски воен авион случајно пуштил бомба во градот Рубижне, изјавил денеска Леонид Пасечник, шеф на владата на регионот назначена од Москва, пренесе „Гардијан“. Тој рекол дека бомбата, FAB-250 која носела боева глава со силна експлозивна моќ, не предизвикала повреди. Овој инцидент доаѓа само шест дена откако Русија случајно фрлила...

Кулеба повторно го повика Западот на петте чекори до победа над Русија

Западните демократски земји треба да го забрзаат процесот на донесувањето одлуки за поддршка на Украина во актуелната војна против Русија, апелираше Дмитро Кулеба, министер за надворешни работи на Украина во своето најново интервју, дадено за американската телевизија Си-ен-ен. Кулеба порача дека петте чекори што ги наброја, а очекува Западот да ги преземе, би имале многу смисла и би ѝ помогнале...

Бројката на загинати во големиот руски напад на Кијив порасна на 32

Бројката на загинати лица во големиот руски ракетен напад на Кијив што се случи на 29 декември минатата година, се искачи на 32, соопшти Воената управа на градот Кијив. Како што пренесува украинската државна новинска агенција ukrinform.net, најновите две жртви се идентификувани утрово од страна на украинското Министерство за внатрешни работи. На 29 декември, Русија со 160 ракети и дронови изврши...

Русија во новогодишната ноќ ја нападнала Украина со рекорден број дронови

Украина соопшти дека во новогодишната ноќ, Русија кон неа лансирала рекордни 90 дрона, при што 87 од нив биле соборени. Станува збор за дронови од иранско производство „Шахид“. Цел на дроновите била и околината на градот Лвив на крајниот запад на Украина. „Непријателот користеше рекорден број јуришни дронови“, се вели во соопштението од Военото воздухопловство на Украина. Дополнително, извршени се и напади...

МНР на Украина: Меѓународната заедница да го запре геноцидот на украинскиот народ

По најновиот руски напад од воздух врз цивилни цели во најголемите градови на Украина, реагираше Министерството за надворешни работи (МНР) на земјата, велејќи дека руските сили „се борат“ против цивили, и побара „меѓународната заедница да ги обедини сите напори за да се запре рускиот геноцид врз украинскиот народ“ „Според прелиминарните информации, непријателот употребил 158 средства за воздушен напад: ракети од...

Најмалку 12 загинати цивили во најновиот руски напад во Украина

Во серијата руски напади врз цели во Украина, што почна вчера и уште трае, загинати се најмалку 12 цивили. Станува збор за досега најголема покриеност на украинската територија со напади од почетокот на руската инвазија на соседната земја, на 24 февруари 2022 година, јавуваат светските агенции. Според вооружените сили на Украина, Русија лансирала вкупно 158 дронови и ракети, односно досега...

Русија убила 513 деца од почетокот на инвазијата на Украина

Како резултат на руската инвазија на Украина што почна на 24 февруари 2022 година, досега 513 деца во земјата ги загубиле животите, а 1.161 дете биле повредени, известува украинската државна новинска агенција Укринформ пренесувајќи го соопштението на Генералното јавно обвинителство на Украина. „Повеќе од 1.674 деца станале жртви на војната во Украина, како резултат на целосната оружена агресија од страна...

Сенатот на САД нема да гласа за помош на Украина

Иако претходно најавено, Сенатот на САД (Горниот дом на Конгресот, односно парламентот на САД) нема да гласа за дополнителна воена помош за Украина и за дополнување на фондовите за гранична безбедност на САД пред Нова година. И републиканците и демократите во Конгресот уште продолжуваат со преговорите за конечната одлука, јавува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. „Нашите преговарачи ќе работат многу, многу...

Путин предупреди на проблеми со Финска бидејќи земјата стана членка на НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди на „проблеми“ со соседна Финска откако таа се приклучи на НАТО оваа година, во интервју објавено на државната телевизија „Россија“, пренесе Гардијан. Финска, која дели 1.340 километри граница со Русија, се приклучи на НАТО во април годинава. Во последните недели, Хелсинки ја обвини Москва за „хибридна војна“ со туркање на барателите на азил преку граничните...

Украинските сили собориле ракета „кинжал“ над Кијив и 14 руски дронови

Руските воздушни напади врз Украина не стивнуваат во однос на изминатите денови, но и украинските вооружени сили успешно возвраќаат, па така вчера попладнето Противвоздушната одбрана успешно соборила руска хиперсонична ракета „Кинжал“, односно Kh-47M2, над главниот град на Украина, Кијив, извести украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Руските агресорски сили истрелале три ракети Кинжал околу 14:15 часот од авиони над руска територија,...

Путин: Ќе има мир кога ќе ги постигнеме нашите цели

Рускиот претседател, Владимир Путин денеска ја одржа првата прес-конференција откако Русија војува со Украина. Тој кажа дека суверенитетот на неговата земја е под закана и дека самото постоење на нивната земја без суверенитет е невозможно, пренесува Гардијан. „Ќе има мир кога ќе ги постигнеме нашите цели. Целите не се сменија. Денацификација на Украина, демилитаризација на Украина“, изјави тој. Тој тврди дека...

Бугарија не дозволи прелет на авионот на Лавров поради санкциите против Захарова, а не поради С. Македонија

Дел од руската делегација на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје беше и портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, чие присуство во рускиот авион ја натерало Бугарија да ја отповика дозволата за прелет над нејзина територија. Но, причината никако не е билатералниот спор што постои помеѓу Македонија и Бугарија, како што алудира оваа објава на Фејсбук,...

Украина не испраќа бремени жени да се борат со Русите

Не постојат релевантни докази кои ја поткрепуваат автентичноста на видеото. Според Центарот за стратешка комуникација основан под Министерството за култура и информативна политика на Украина за борба против дезинформации, видеото е лажно и инсценирано. Она што е факт е дека Украина не испраќа бремени жени на првата линија да се борат со Русите. Бремените жени и жените на породилно...

Интензивни борби во Авдиивка во Украина, украинските сили возвраќаат на руските напади

Ситуацијата во областа Авдиивка во украинскиот регион Донецк и во текот на изминатото деноноќие била тешка, со голем број руски офанзивни дејствија, на коишто сепак украинските одбранбени сили ефикасно реагирале, јавува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Руската офанзива почна пред два дена, со поддршка од оклопни возила кај Авдиивка и Маринка. Се вршеле и се вршат и воздушни напади, како...

Повторно директни судири во Украина, убиени се цивили во руски напади

Во големиот број руски напади во текот на вчерашниот ден, има убиени цивили, јавува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Во дури 71 артилериски напад извршен во регионот Херсон во текот на вчерашниот ден, животот го загубило едно лице, а четири други се повредени, соопшти гувернерот на Херсон, Олександр Прокудин. Слични напади со артилерија и ракети се извршени и во Никопол, но...

Големи полициски сили во кампусот на УКЛА по судирот меѓу пропалестинските и произраелските демонстранти

Полицијата во опрема за немири пристигна во кампусот на Универзитетот во Калифорнија, каде се судрија пропалестинските и произраелските демонстранти, објави Асошејтед прес. Судирите се случија денеска рано наутро по локално...