fbpx

Путин предупреди на проблеми со Финска бидејќи земјата стана членка на НАТО

„Таму немаше проблеми, сега ќе има, бидејќи ќе создадеме воен округ Ленинград и ќе концентрираме одредена количина воени единици таму“, вели Путин

-

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди на „проблеми“ со соседна Финска откако таа се приклучи на НАТО оваа година, во интервју објавено на државната телевизија „Россија“, пренесе Гардијан.

Финска, која дели 1.340 километри граница со Русија, се приклучи на НАТО во април годинава. Во последните недели, Хелсинки ја обвини Москва за „хибридна војна“ со туркање на барателите на азил преку граничните премини (Русија тоа го негира), што доведе до затворање на сите гранични премини, освен еден.

Западот „ја вовлече Финска во НАТО. Дали имавме некакви спорови со нив? Сите спорови, вклучително и територијалните во средината на 20 век, одамна се решени“, рече Путин.

„Таму немаше проблеми, сега ќе има, бидејќи ќе создадеме воен округ Ленинград и ќе концентрираме одредена количина воени единици таму“, додаде тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...