fbpx
Таг: војна

таг: војна

Навивачка објава лажно ја претставува Русија како победник во војната со Украина

Објавата неточно тврди дека Украина ја изгубила војната. Вистиномер веќе пишуваше дека Русија држи само околу 17,5 проценти од Украина и тоа вклучително со Крим и т.н. ДНР и ЛНР, кои се одделија уште во 2014 година. Исто така, не е вистина дека Русија не трпи од санкциите кои ѝ ги воведе Западот. Според Меѓународниот монетарен фонд, тие придонесоа...

Украинските сили собориле 23 руски дронови за една ноќ

Украинските единици за противвоздушна одбрана собориле 23 од 24 дронови „Шахед“ што Русија ги користела за напади на Украина ноќта меѓу 4 и 5 мај, објави командантот на украинските воздухопловни сили Микола Олешчук, пренесува агенцијата Укринформ. Според Олешчук областите од каде се случиле нападите биле Курск, Русија и Кејп Чауда, Крим, а противвоздушните ракетни единици на украинските воздухопловни сили и...

Руските сили ја преземаат контролата врз села во украинската област Доњецк

Руските сили го зазедоа селото Семенивка во украинската област Доњецк, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, пренесе „Гардијан“. Вчера министерството го објави заземањето на Новобахмутивка, друго село блиску до Очеретина, кое стана централно место на борбите во последниве денови. Во меѓувреме, украинскиот министер за земјоделство го поздрави завршувањето на повеќемесечната гранична блокада од полските демонстранти, за која рече дека следела по...

Сежурне: Напредуваат разговорите за прекин на огнот во Газа

Разговорите за прекин на огнот во Газа напредуваат, рече францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурне во понеделникот во Ријад, каде што требаше да се сретне со другите министри на арапските и западните земји, како и со претседателот на палестинската управа, Махмуд Абас, пренесе „Гардијан“. „Работите се движат напред, но секогаш треба да се биде внимателен во овие дискусии и...

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен објект во областа Одеса. „Руските терористички сили уште еднаш ја нападнаа индустриската инфраструктура на Запорожје, лансирајќи проектили“, напиша Иван Федоров, началник на управата. Вкупно 86 судири се случиле долж линијата на фронтот...

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е болест и појава на болест. Метежот во сообраќајот е многу голем, луѓето секој ден да се обидуваат да најдат храна, вода, а сега се обидуваат да најдат сенка“, изјави Скот...

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува Би-би-си. Коментарите на поранешен претседател на Европскиот совет доаѓаат по нов напад на Русија врз Украина. Украинскиот премиер Денис Шмигаљ изјави оти украински сили собориле 58 дрона и 26 ракети и...

Русија им забрани на нејзините војници да комуницираат со локалците во окупираните територии

Руските команданти им забраниле на војниците да комуницираат со жителите на окупираните територии во Украина, освен во крајна нужност, јавува украинскиот Центар на национален отпор. Борбените дејствија, пак, продолжуваат со нови случаи на загинати цивили. „Во привремено окупираните територии, непријателот им забрани на припадниците да разговараат со локалците, освен ако нивните задолженија не го налагаат тоа. Причина за одлуката е...

Руската пропаганда повторно шири паника за наводен пуч во Украина

Во регионот повторно кружат гласини дека украинските специјални служби се незадоволни од новото раководство на украинската армија и „подготвуваат“ државен удар. Како и претходно, дезинформациите доаѓаат од руската државна агенција „РИА Новости“, но овојпат главен извор се говорни пораки на еден член од тајна Телеграм група. Автентичноста на снимените говорни пораки не може да се верификува, ниту пак, идентитетот...

„Дрон-коалицијата за Украина“ расте – се приклучува и Канада

Министерството за одбрана на Канада соопшти дека земјата се приклучува на меѓународната иницијатива за опремување на Украина со јуришни дронови. „Канада се приклучува на Коалицијата за дрон-капацитети при Контакт групата за украинската одбрана, која е предводена од Латвија и од Обединетото кралство (ОК). Како дел од Коалицијата, Канада ќе продолжи да бара начини да ги зголеми дрон-капацитетите на Украина“, се...

На 24 февруари 2022 година започна руската инвазија на Украина, а не ,,чистењето на украинските нацисти”

Станува збор за невистина и пропагандна флоскула која ја презентираше самиот руски претседател, Владимир Путин за да ја оправда воената инвазија во Украина која ја почна на 24.февруари 2022 година, сосема неиспровоцирано. Бројни историчари тврдат дека воената агресија во Украина не може да се доведува во корелација со никаква денацификација, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во...

Недолична објава повикува на насилство и ги сатанизира ЕУ и НАТО

Во манипулативна објава се пласира познатиот навредлив, непримерен, пропаганден наратив со кој се сатанизираат НАТО и ЕУ. Наспроти тврдењата во објавата, НАТО не е поврзана со религиозна војска, туку во Алијансата можат да пристапат војници без разлика на верската припадност. Вредностите за кои се залага ЕУ немаат никаква врска со легализација на педофилијата. Напротив, тоа е кривично дело во...

Руски дезинформации сејат магла и антизападно расположение во С. Македонија

Бројни дезинформациски наративи се истурија во земјава преку странски канали за да го свртат јавното мислење во полза на Русија, а на штета на Украина од почетокот на воената инвазија до денес. Анализата на пет најчести дезинформациски наративи, како и разговорите со безбедносни експерти и политички фактори, укажуваат на тоа дека руските дезинформации не доминираат во јавниот простор, но...

Руски агенти во мантија

Режимот на Путин ја користи Руската православна црква за ширење влијание во православните земји. Оваа црква врши огромен притисок врз останатите цркви и го спречува доделувањето на Томосот за МПЦ. Преку разузнавачки активности, руските свештеници врбуваат црковни лица насекаде во помесните балкански цркви, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: По руската агресија на Украина, во 2022...

Светската здравствена организација не убива деца во Газа

Не е вистина дека Светската здравствена организација убива деца во Газа, туку претставници на СЗО постојано носат медицинска и немедицинска помош во Газа поради очајните услови за лекување и разрушените болници од бомбардирањата. СЗО собира донации за Газа и постојано повикува за прекин на огнот. СЗО има свои луѓе на терен кои го информираат светот за ужасите на војната...

Украинската војна продолжува, уште гинат цивили

На борбеното поле во Украина и понатаму продолжи гранатирањето и бомбардирањето на цивилни цели, при што во нападите во регионот Донецк во изминативе 24 часа, еден цивил во селото Константинивка го загубил животот, а друг е повреден. Во целиот регион Донецк се повредени уште осум лица, соопшти шефот на Регионалната воена управа на Донецк, Вадим Флашкин. Како што пренесува украинската...

На украинскиот фронт одново борби и напади, Русија го милитаризира високото образование

Британското разузнавање верува дека отворањето на Институтот за светска воена економија и стратегија на Московската Висока школа за економија е знак за потесна соработка меѓу рускиот академски и одбранбениот сектор, пренесува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Во февруари 2024 година, формиран е нов воен истражувачки институт на Московската Висока школа за економија. Институтот за светска воена економија и стратегија е...

Финансиската помош од ЕУ за Украина не значи дека Европа е во војна со Русија

ЕУ никогаш не повикала на војна со Русија, туку ѝ помага на Украина да го зачува својот територијален интегритет и демократско општество. Европа ја осудува руската агресија и повикува на нејзин прекин. Што се однесува до тврдењето дека македонските граѓани треба да се подготват за мобилизација, истото е паушално. Никој кај нас досега не најавил никаква мобилизација. Оваа шпекулација досега многупати...

Зеленски се подготвува да смени високи функционери поради „ресетирање“ на украинското раководство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека размислува за „ресетирање“ на раководството во Украина, со промена на неколку високи функционери, заради тоа што има шпекулации дека се подготвува да го отпушти врховниот командант на вооружените сили на земјата, пренесува „Гардијан“. „Неопходно е ресетирање, зборувам за замена на голем број државни лидери, не само во армискиот сектор“, рече Зеленски. Според шпекулациите, Зеленски е...

Нуклеарната безбедност ќе биде тема на разговор меѓу Лихачев и Гроси

Шефот на руската државна нуклеарна компанија „Росатом“, Алексеј Лихачев, планира кон средината на февруари во Русија да се сретне со раководителот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, пренесува „Гардијан“. Лихачев рекол дека со Гроси ќе разговара за прашањата за нуклеарната безбедност, како и за безбедноста на нуклеарната централа Запорожје во Украина. Русија ја презеде централата во Запорожје, најголемата во...

ЗНМ со осуда за обидот за цензура од директорката на Клиниката за токсикологија

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува обидот за цензура и ограничување на правото на говор од страна на Бесија Иљази, организациски директор на Клиниката за Токсикологија во...