fbpx

Ќе се отстрануваат детските реквизити пред спортскиот центар „Борис Трајковски“

Град Скопје претходно информираше дека фирма регистрирана пред само еден месец, без соодветни дозволи и документи кои гарантираат безбедност, монтира панорамско тркало и други реквизити во Општина Карпош пред арената „Борис Трајковски“

-

Постапувајќи по допрен глас дека во Скопје, на подрачјето на Општина Карпош, пред спортскиот центар Борис Трајковски без соодветни документи и потребни дозволи се поставени реквизити за забавен парк меѓу кои и панорамско тркало, вчера Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во координација со службени лица од Државниот пазарен инспекторат, УЈП и градежен инспектор од Општина Карпош излегле на лице место и презеле конкретни соодветни мерки и активности, информира МВР.

Од страна на инспекциските служби по преземените мерки и активности и констатираната фактичка состојба изготвени биле Записници за констатирана состојба, додека од страна на овластен градежен инспектор од Општина Карпош поведена е постапка за констатираните неправилности.

„По ова ќе бидат преземени конкретни мерки во насока на отстранување на истите, престанување со вршење на активноста, како и дислоцирање на реквизитите“, велат од МВР.

Град Скопје претходно информираше дека фирма регистрирана пред само еден месец, без соодветни дозволи и документи кои гарантираат безбедност, монтира панорамско тркало и други реквизити во Општина Карпош пред арената „Борис Трајковски“.

Од таму информираа дека во рамки на своите надлежности извршиле надзор, преземале мерки и го казниле правното лице, за кое велат дека „сепак насилно продолжува да работи“.

„Ја известуваме јавноста дека правното лице Дизниленд Реквизити, фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред Борис Трајковски“, стоеше во соопштението на Град Скопје.

Од таму ги повикаа надлежните да постапат во најкус можен рок, бидејќи „се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие“.

Град Скопје: Фирма без соодветни документи и дозвола монтира панорамско тркало пред „Борис Трајковски“

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Носталгија по диктатори: Хусеин, Гадафи и Асад

Чест наратив на Кремљ е дека ирачкиот лидер Хусеин, либискиот Гадафи и сирискиот Асад биле големи патриоти и имале добри социјални политики, но дека биле жртви на американскиот империјализам,...