fbpx

На 24 февруари 2022 година започна руската инвазија на Украина, а не ,,чистењето на украинските нацисти”

Она на што се обидува да се потпре Путин е фактот дека таму има крајно десничарски елементи во Украина кои би можеле да се опишат како неонацистички. Но, ова се незначајни елементи, како што покажаа и изборите на претседателот Зеленски, додава Бартов за Тајм Магазин

-

Станува збор за невистина и пропагандна флоскула која ја презентираше самиот руски претседател, Владимир Путин за да ја оправда воената инвазија во Украина која ја почна на 24.февруари 2022 година, сосема неиспровоцирано. Бројни историчари тврдат дека воената агресија во Украина не може да се доведува во корелација со никаква денацификација, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

24 февруари 2022 година почна битката за чистење на украинските нацисти.

Во склоп на објавата има видеоматеријал на кој се наоѓа Артем Бонов, Украинец со крајно десничарски ставови кој имаше и Јутјуб канал, ама му е суспендиран поради говор на омраза. За него е познато дека е неонацист, но беше и мета на  дезинформации во врска со тоа дека бил заменик шеф на киевската полиција, што не е точно.

Што се однесува на изнесеното во објавата што ја рецензираме, дека на 24 февруари 2022 година почнала битката за чистење на украинските нацисти, станува збор за невистина и пропагандна флоскула која ја презентираше самиот претседател на Русија Владимир Путин, за да ја оправда воената инвазија врз Украина што ја почна на овој датум, сосема неиспровоцирано. Бројни историчари тврдат дека воената агресија во Украина не може да се доведува во корелација со никаква денацификација.

Путин го злоупотребува терминот денацификација. Денацификацијата се однесува на одреден момент во историјата во поствоената ера, а тоа што Путин го користи овој термин е пропаганда насочена кон неговите стравови од моменталната демократска влада во Украина. Има многу специфично историско значење на денацификацијата, што претставува процес кој се случил во Германија после Втората светска војна, вели Тимоти Снајдер, експерт за Украина и автор на ,,Патот кон неслобода Русија, Европа, Америка за Тајм Магазин.

Тој додава дека во тоа време во Западна Германија било посветено внимание на високи нацистички лидери од страна на Американците, и имало напори тие да бидат отстранети од јавниот живот.

Да се користи ова надвор од контекст, така како што тоа го прави Путин, е обид да се трансформира земјата и луѓето за кои тој зборува во нацистичка Германија. Нацист е член на националната социјалистичка партија во Германија во 1930 и 1940-тите, додава тој.

Професорот од Јејл Универзитетот, Џејсон Стенли вели дека денацификација е процесот што сојузниците го спровеле во Германија. Почнувајќи со нирнбершките судења, тие суделе и осудиле бројни нацисти, бројни биле убиени и потоа тие ја замениле нацистичката идеологија во сите големи институции со луѓе кои биле недопрени од нацизмот.

Ги замениле со лидери кои се лојални на демократијата и ја замениле нацистичката идеологија со демократски практики, вели тој.

Омер Бартов, професор на Браун Универзитетот, вели дека откако сојузниците влегле во Германија, тие истражувале некои поранешни членови на нацистичката партија.

Моменталната украинска влада не е фашистичка, ниту диктаторска, или на кој било начин поврзана со нацистичкото минато. Претседателот Володимир Зеленески е демократски избран на фер избори, добивајќи 73 проценти од гласовите на претседателските избори во 2019 година.

Она на што се обидува да се потпре Путин е фактот дека таму има крајно десничарски елементи во Украина кои би можеле да се опишат како неонацистички. Но, ова се незначајни елементи, како што покажаа и изборите на претседателот Зеленски, додава Бартов за Тајм Магазин.

Џефри Веилдлингер, за Тајм вели:

Во еден момент, имало Украинци кои соработувале со нацистите. Затоа Путин го користи тој термин, но ова било пред 80 години и не ja одразува моменталната украинска влада. Кога Путин го користи овој термин, тој нема значење. Тој не е исплашен од нацистите во Украина. Тој е исплашен од демократијата во Украина и препознава дека како што демократијата доаѓа поблиску до Русија, има закана дека луѓето ќе бараат демократија.

Баталјонот Азов како воена единица е основан во мај 2014 година. Како што наведува Ал Џезеира, се работи за екстремна десничарска воена единица, чии членови се ултранационалисти кои се обвинувани за идеологијата блиска на супремација на белата раса. Единицата е создадена како доброволна група предводена од Андрија Билетски, а сочинета е од ултранационалистичката група „Патриоти на Украина“ и неонацистичка група. Како што пишува Ал Џезеира и двете групи имаат неонацистички и ксенофобични идеали и физички напаѓале мигранти, Роми и други луѓе. Како баталјон групата се борела против проруските сепаратисти во Доњецк во источна Украина. Но, нацистичките групи кои постојат во модерна Украина, како и во други европски земји, немаат влијание врз парламентот, не се во владата и не може да бидат оправдување за инвазијата на Русија врз Украина. Во извештајот за манипулација со странски информации и закани од мешање од страна, Европската служба за надворешни работи пишува дека еден од најчесто употребуваните наративи е: „Украина е наци и терористичка држава“, но и дека поддржува такви групи.

Поради сите горенаведени факти, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...