fbpx

Повторно директни судири во Украина, убиени се цивили во руски напади

Бројката на загинати цивили во Донецк од почетокот на руската инвазија на 24 февруари 2022 година се искачи на 1.789 цивили. Бројката на ранети и поинаку повредени цивили од руските воени дејствија, пак, изнесува 4.374 лица

-

Во големиот број руски напади во текот на вчерашниот ден, има убиени цивили, јавува украинската државна новинска агенција ukrinform.net.

Во дури 71 артилериски напад извршен во регионот Херсон во текот на вчерашниот ден, животот го загубило едно лице, а четири други се повредени, соопшти гувернерот на Херсон, Олександр Прокудин.

Слични напади со артилерија и ракети се извршени и во Никопол, но таму нема жртви. Во регионот Запорижја извршени се 78 напади врз 20 населени места. Засега нема информации за загинати или повредени.

Напади се извршени и врз четири населени места во регионот Суми. Нема информации за загинати или повредени.

Но, не е таква ситуацијата во регионот Донецк, каде еден цивил го загубил животот во артилериски напади од руските сили. Со тоа, бројката на загинати цивили во Донецк од почетокот на руската инвазија на 24 февруари 2022 година се искачи на 1.789 цивили. Бројката на ранети и поинаку повредени цивили од руските воени дејствија, пак, изнесува 4.374 лица, соопшти шефот на украинската Воена управа на Донецк, Ихор Мороз.

Бројката на директни оружени судири меѓу руските и украинските сили во текот ан изминатите 24 часа изнесува 60, при што руските сили извршиле еден ракетен напад, осум воздушни напади и 34 напади од повеќецевни ракетни фрлачи. Нанесена е штета на цивилни објекти и цивилна инфраструктура.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...