fbpx

Сенатот на САД нема да гласа за помош на Украина

„Нашите преговарачи ќе работат многу, многу внимателно во текот на одморите во декември и јануари, и нашата цел е да завршиме некоја работа пред да се вратиме“, вели Чак Шумер, водач на демократската група во Сенатот

-

Иако претходно најавено, Сенатот на САД (Горниот дом на Конгресот, односно парламентот на САД) нема да гласа за дополнителна воена помош за Украина и за дополнување на фондовите за гранична безбедност на САД пред Нова година. И републиканците и демократите во Конгресот уште продолжуваат со преговорите за конечната одлука, јавува украинската државна новинска агенција ukrinform.net.

„Нашите преговарачи ќе работат многу, многу внимателно во текот на одморите во декември и јануари, и нашата цел е да завршиме некоја работа пред да се вратиме“, вели Чак Шумер, водач на демократската група во Сенатот.

Претставникот на втората сенаторска група, републиканецот Џон Тун, исто така кажа дека нема да се постигне согласност пред почетокот на јануари.

Дополнително, Украина има потреба од 500.000 нови војници, пишува Дојче веле, но одлука и за тоа не е донесена.

На предновогодишната прес-конференција во Киев, претседателот на Украина Володимир Зеленски синоќа рече дека водечките воени и државни функционери ќе разговараат за „многу чувствителна тема за мобилизација“ и дека неа ќе ја разгледа и парламентот.

Зеленски истакна дека за спроведување на мобилизација од таков обем е потребно дополнително финансирање.

„Нивниот став е… предложија мобилизација на дополнителни 450-500 илјади луѓе. Тоа е сериозна бројка“, рече Зеленски. „Реков дека ми се потребни дополнителни аргументи за да го поддржам таквиот потег. Бидејќи, пред сѐ тоа е прашање за луѓе, второ, прашање е на правичност, прашање на одбранбени капацитети и прашање на финансии“, изјави Зеленски.

Тој рече дека доколку се донесе одлука за таков обем на мобилизација, ќе бидат потребни дополнителни 500 милијарди гривни (12,2 милијарди долари).

Статистиката на Министерството за одбрана вели дека украинската војска во октомври имала речиси 800.000 војници. Ако се вклучат Националната гарда и другите единици, вкупно еден милион Украинци се веќе во униформа.

Претходно месецов, рускиот претседател Владимир Путин ѝ нареди на војската да го зголеми бројот на војници за речиси 170.000, на вкупно 1,32 милиони.

Во Украина, пак, продолжија руските напади. Досега загубите на жива сила на руските сили изнесуваат 349.190 војници, од кои 890 во изминатите 24 часа, информираат од украинскиот генералштаб.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...