fbpx

ЦУК: Извлечен човекот со двете кучиња кои беа заглавени на Кожув

Лицето што изминатите денови беше завеано во кавадаречкото село Радња на планината Кожув вчера било евакуирано до својот дом

-

Спасено е лицето кое што пред два дена пријави дека е завеано од снег во својата викендичка над селото Радча на планината Кожув, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Ова лице првично одби да биде пренесно во Кавадарци со теренски четирицикл, бидејќи не сакало да ги остави двете кучиња во куќата.

Лицето што изминатите денови беше завеано во кавадаречкото село Радња на планината Кожув вчера било евакуирано до својот дом. Како што информираат од ЦУК, лицето вчера било извлечено со трактор со специјализирана опрема – нож за сечење дрвја и едно теренско возило.

„Патот дотаму е земјен, а висината на снежната покривка е околу половина метар и имало многу искршени гранки и дрвја од тежината на снегот што го попречувале движењето по планинскиот земјен пат“, информираат од ЦУК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...