fbpx

Народна банка: Каматните стапки не се менуваат, основната останува на 6,3 отсто

Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30 отсто, со истовремено задржување на каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,2 отсто и 4,25 отсто

-

Каматните стапки ќе останат непроменети, во услови на значително забавување на инфлацијата и поволен девизен пазар, но и при се уште присутни ризици. Таква одлука донел вчера Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка.

Со тоа, каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30 отсто, со истовремено задржување на каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,2 отсто и 4,25 отсто, соодветно.

Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари.

„На седницата беше оценето дека задржувањето на тековното ниво на каматните стапки, заедно со промените кај задолжителната резерва (последните со примена од декември 2023 година) и со макропрудентните мерки преземени досега, ќе придонесат за натамошно забавување на инфлацијата и задржување на стабилноста на девизниот курс“, се вели во соопштението од Народна банка.

Домашната инфлација и натаму забавува и се свела на 3,1 отсто на годишно ниво во ноември 2023 година.

„Овие остварувања го одразуваат значителното намалување на притисокот од прехранбената и енергетската ценовна компонента, како и намалените ценовни притисоци од помалку променливите категории, во согласност и со преземените монетарни мерки. Притоа, годишната стапка на инфлација кај нас позначително забави во споредба со еврозоната, со што разликата во инфлацијата е незначителна“, порачува Народна банка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...