петок, 8 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: спасувачка акција | 19 резултати

Спасени сите индиски работници што 17 дена беа заробени во тунел

ноември 29, 2023

Сите 41 индиски работници се спасени од тунел во државата Утараханд откако беа заробени внатре 17 дена. Работниците се безбедни и закрепнуваат во болница, јави Би-би-си. Работниците останаа заробени во тунелот на 12 ноември, откако дел од него се урна поради лизгање на земјиштето. Тие беа ослободени вчеравечер во макотрпна спасувачка операција пред која се […]

[ВИДЕО] Пожарникар исчезнал при гаснење пожар во штипско, МВР и „Тигрите“ го пронашле

октомври 8, 2023

Денеска околу 12 часот и 30 минути, Министерството за внатрешни работи (МВР) добило известување од Центарот за управување со кризи (ЦУК) дека е исчезнат пожарникар кој бил ангажиран во гаснење на пожар во штипското село Селце. Како што соопшти полицијата, по добиеното известување, во потрага по пожарникарот се вклучиле хеликоптер Бел 412 од хеликоптерската единица […]

Штипјанец се удавил во Дојранското езеро, спасувачи трагаат по него

август 13, 2023

Маж од Штип на возраст од 42 години претпладнево околу 11:30 часот се удавил во водите на Дојранското езеро. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), лицето паднало од педалинка и се удавило во езерските води. Од Центарот за управување со кризи информираат дека се трага по телото, а истото не е пронајдено […]

Холандски параглајдерист спасен по пад на планината Галичица

август 2, 2023

Спасувачите од планинарската спасувачка служба од Црвениот крст во Охрид спасија параглајдерист од Холандија, кој попладнево паднал на планината Галичица и се здобил со тешки телесни повреди, информираат од Центар за управување со кризи (ЦУК). „Поради сериозните повреди на р’бетот го имобилизираа со вакуум душек и шанцова кравата и со помош на полициските специјалци од […]

Спасени четворица косовски државјани кои заглавиле во снег на Галичица

март 4, 2023

Четворица граѓани на Косово во текот на вчерашниот ден заглавиле во снег во националниот парк Галичица. Случајот во СВР Битола бил пријавен вчеравечер околу 19 часот, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Педесет минути откако било пријавено, полициски службеници, пожарникари и екипи на стражарската служба Галичица ги пронашле лицата и ги извлекле од снегот, по […]

Турција запира со спасувачките акции во подрачјата кои се разурнати од земјотресот

февруари 19, 2023

Турција објави дека денеска завршуваат спасувачките напори во подрачјата кои пред речиси две недели беа погодени од катастрофалниот земјотрес, во кој загинаа над 46.000 жители на Турција и Сирија, пренесе Ројтерс. Сè уште не се знае точно уште колку луѓе се водат како исчезнати во двете земји. „Потрагата и спасувачките напори ќе завршат вечерва“, изјави […]

(Видео) Војниците на АРМ спасија 5 годишно дете од урнатините во Караман Мараш

февруари 10, 2023

Припадниците на македонската Армија вчера по 6 часовно расчистување на рушевините успеаа да го спасат пет годишниот Сулејман од урнатините во Турција. Армискиот тим, како што соопшти Министерството за одбрана, учествуваше во спасувачка акција во градот Кахраманмараш. Тие за време на долгата акција, слушнале детски глас по што заедно со турскиот тим за пребарување и […]

Продолжува потрагата по Мартин на Халкидики, неговиот другар Иван почна донаторска акција за да се забрза акцијата

јули 14, 2022

Потрагата на Крајбрежната служба на Грција и спасувачките екипи по исчезнатиот македонски државјанин Мартин во водите на Егејско Море кај Халкидики продолжува веќе шести ден по ред. Министерството за надворешни работи на Северна Македонија синоќа соопшти дека „како и досега во потрагата ќе бидат вклучени неколку брода на грчката крајбрежна стража, хеликоптер, како и возило […]

Бројот на загинати од земјотресот во Албанија се искачи на 40, акцијата за спасување продолжува

ноември 28, 2019

Спасувачките тимови продолжуваат да трагаат по преживеани под урнатините на објектите во Албанија. Бројката за загинати лица утрово порасна на 40, а се стравува дека таа може да се зголеми со натамошното пребарување на срушените зданија во Тумане, Драч и другите албански градови, јавува Радио – телевизија Србија. Тлото во Албанија не престанува да се […]

Бројката на загинати од земјотресот во Албанија достигна 27, повредени над 650 лица

ноември 27, 2019

Најмалку 27 загинати и над 650 повредени лица е билансот од катастрофалниот земјотрес што вчера ја погоди Албанија, јавува Радио-телевизија Албанија. Во земјата денеска е прогласен Ден на жалост за жртвите во серијата земјотреси. Албанските медиуми во извештаите нагласуваат дека од урнатините се спасени 46 лица во спасувачката акција, за чие непречено одвивање неколку европски […]

Ирската морнарица спасила 712 мигранти кај брегот на Либија

јуни 26, 2017

Ирската морнарица спасила 712 лица кај брегот на Либија, во рамките на меѓународна акција за спасување мигранти во Средоземното Море, соопштиле денеска одбранбените сили на Ирска, јавуваат светските агенции. Во спасувачката операција учествувале голем број бродови на околу 40 километри северозападно од главниот град на Либија, Триполи. „Можам да ви соопштам дека сите животи се […]

Илјада мигранти спасени од смрт во Средоземно Море

март 26, 2017

Околу илјада мигранти се спасени синоќа на крајбрежјето на Средоземно Море кај Либија, а меѓу нив една жена е прогласена за мртва. Ова го соопштија групата „СОС Медитеран“ и Лекари без граници. Околу 645 бегалци се спасени со гумени и со дрвени чамци за време на шестчасовната операција на бродот „Аквариус“. При акцијата за спасување една […]

Бројот на загинати во лавината во Италија се зголеми на 25 лица

јануари 25, 2017

Бројот на загинати во лавината во Италија се зголеми на 25 лица, 13 мажи и 12 жени, јавуваат италијанските медиуми. Исчезнати се уште четворица, а спасувачките акции ќе продолжат сè додека не се пронајдат, иако е мала веројатноста тие да се преживеани, велат спасувачите. Лавината го погоди хотелот „Ригопијано“ на 18 јануари во планинскиот регион Абруко во […]

Бројот на жртвите во бродоломот во Егејско Море се искачи на 39

јануари 30, 2016

Бројот на жртвите на бродоломот кој денеска се случи во Егејско Море се искачи на 39, меѓу кои пет се деца. Мигрантите се удавиле откако нивниот чамец се превртел на патот од Турција кон Грција. Турските власти успеале да спасат вкупно 75 лица, пренесува агенцијата „Анадолија“. Турската крајбрежна стража извести дека во врска со несреќата уапсен […]

Нова бегалска трагедија во Егејско Море

јануари 22, 2016

Нова бегалска трагедија се случи во водите на Егејско Море. Изутринава својот живот при транспорт од Турција го изгубија 20 бегалци при потонување на гумени чамци што ги пренесувале кон грчкиот брег. Трагедијата се случила во раните утрински часови, во близина на островите Фармакониси и Калолимнос, кога два чамци се превртеа на патот кон копното. Грчката крајбрежна […]

Страна 1 од 1