(Видео) Војниците на АРМ спасија 5 годишно дете од урнатините во Караман Мараш

-

Припадниците на македонската Армија вчера по 6 часовно расчистување на рушевините успеаа да го спасат пет годишниот Сулејман од урнатините во Турција.

Армискиот тим, како што соопшти Министерството за одбрана, учествуваше во спасувачка акција во градот Кахраманмараш. Тие за време на долгата акција, слушнале детски глас по што заедно со турскиот тим за пребарување и по четири часовното максимално ангажирање успеале да го извлечат малиот Сулејман од рушевините.

По усшешната акција, претседателот Стево Пендаровски на Фејсбук упати честитки за македонскиот тим.

Спасувачите кои во Турција пристигнаа од повеќе земји во светот, сè уште ги бараат преживеаните во урнатините, но како што пренесе Би-би-си, надежите исчезнуваат бидејќи поминаа повеќе од четири дена од првиот два големи земјотреса. Десетици илјади луѓе ја поминаа ледената четврта ноќ во импровизирани засолништа, откако ги загубија своите домови.

Преживеаните ја поминаа четвртата ноќ на студ, бројот на жртви од земјотресот надминува 21.000

Суета и политика – власта заборава каква била во опозиција

Премиерот Мицкоски е сигурно во право кога апелира до опозицијата на отстранување на суетите во политиката при носење јавни оценки за политиките на власта, но е недоследен во својот...