fbpx

Нова бегалска трагедија во Егејско Море

-

Нова бегалска трагедија се случи во водите на Егејско Море. Изутринава својот живот при транспорт од Турција го изгубија 20 бегалци при потонување на гумени чамци што ги пренесувале кон грчкиот брег.

Трагедијата се случила во раните утрински часови, во близина на островите Фармакониси и Калолимнос, кога два чамци се превртеа на патот кон копното. Грчката крајбрежна полиција засега спаси околу шеесетина бегалци, а најдени се телата на 20 жртви, меѓу кои и осум деца и една жена. Акцијата за спасување сè уште е во тек и се стравува дека бројот на жртви може да се зголеми во текот на денот, ако се има предвид дека гумените чамци пренесуваат од 70 до 100 бегалци.

По бегалците трагаат чамци на грчката крајбрежна полиција и на Фронтекс.

Бројот на бегалци што пристигнуваат во Грција од Турција секојдневно се зголемува. Во Грција сè поголема е вознемиреноста што ќе се случува со пристигнатите бегалци по заострувањето на контролата на македонската граница и по воведувањето нови регулации да се пропуштаат само бегалци што во своите официјални документи ќе имаат наведено дека планираат да заминат само кон Австрија или Германија и таму да побараат азил.

Новите мерки се смета дека доаѓаат по инструкции на Австрија до сите балкански држави, за да се намали бројот на бегалци што државата ќе ги прими. Оваа година австриските власти планираат да примат само 37.500 бегалци, бројка значително помала од 90.000 бегалци кои изминатата година беа примени во државата. Се очекуваат и многу построги тестови за одобрување на барањата за азил, јазични тестови, проверка на матичните броеви, на криминалните досиеја, процедури по кои ако не добијат зелено светло, бегалците ќе бидат вратени во Словенија.

Според информациите во Грција, волонтерите што им помагаат на бегалците, по воведување на оваа мерка, ги советуваат мигрантите на официјалните документи да пишуваат дека одат за Австрија или Германија за да може воопшто да ја преминат границата во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...