петок, 16 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Егејско море | 17 резултати

Како малата кожна топка на Танос и Трифон му го спаси животот на Иван

11 јули 2022

Кога 6 годишниот Танос и 11 годишниот Трифон заедно со своите родители ја изгубиле малата кожна топка на плажата Евгати на островот Лемнос, не можеле ни да претпостават дека таа 10 дена подоцна ќе му го спаси животот на Иван повеќе од 130 километри подалеку од нив. Според информациите на грчкиот портал Вориа.гр, на 30 […]

Продолжува потрагата по третото момче кое изчезна во водите на Егејско Море на Халкидики

11 јули 2022

Спасувачката акција по исчезнатиот македонски државјанин во местото Посиди, Грција продолжува во полн капацитет со хеликоптер и бродови како претходните два дена, соопшти Министерството за надворешни работи. 28 годишното момче по кое сѐ уште трае потрагата исчезна во саботата заедно со неговите двајца другари во водите на Егејското Море, на Касандра, првиот крак на Халкидики. […]

(Фото) Глобално затоплување: Морска слуз се појавува на плажите во Халкидики

20 септември 2021

Лигавата пена наречена морска слуз, што е резултат на глобалното затоплување, ова лето неколку пати се појавила на грчките плажи. Снимките од неколку од плажите на Халкидики направени овој септември посведочија дека навистина морето повремено исфрла таква пена. Научниците ја поврзуваат појавата на морската слуз со глобалното затоплување. Загревањето на атмосферата, благодарејќи на ефектот на […]

Турски воени авиони навлегле во грчкиот воздушен простор

25 април 2017

Два турски борбени авиона „ф-16“ вчера дури трипати навлегле во грчкиот воздушен простор, на морската граница меѓу двете земји. Тие, во придружба на авион „си-ен-235“, исто така навлегле во атинскиот регион за информирање за летови. Сите авиони биле пресретнати и изгонети од грчки авиони, соопшти официјална Атина. Во последните месеци имаше голем број вакви нарушувања […]

Ципрас: Оспорувањето на Лозанскиот договор е опасно за грчко-турските односи

1 октомври 2016

Оспорувањето на Лозанскиот договор може да ги загрози грчко-турските врски, му одговори грчкиот премиер Алексис Ципрас на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на изјавата дека било грешка што Турција ги предала островите во Егејско Море на Грција. – Оспрувањето на Лозанскиот договор, кој јасно ги одредува грчко-турските врски, статусот на Егејското Море и островите е опасно и за врските […]

Нова тензија во грчко-турските односи

30 септември 2016

По инцидентот со турските војници кои бараат азил во Атина, нова тензија во грчко-турските односи креираа изјавите на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, дека било грешка тоа што Турција ги предала островите од Егејското Море на Грција со Лозанскиот договор. Ердоган во говор во Анкара, се осврна на обидот за пуч и истовремено упати вербален напад […]

Столтенберг: НАТО распореди пет бродови во Егејско Море поради мигрантската криза

10 март 2016

Северноатлантската алијанса (НАТО) во моментов има распоредено пет бродови кои учествуваат во мисијата во Егејско Море чија цел е да се спречи шверцот на мигранти од Турција во Грција, соопшти денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. На заедничка прес-конференција со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, Столтенберг изјави дека НАТО ќе продолжи со разместување на […]

НАТО го усогласи планот за акција во Егејско Море

25 февруари 2016

Членките на НАТО постигнаа договор за ангажирање бродови во Егејско Море за да им помогнат на Турција и на Грција во мисијата против шверцерските мрежи кои криумчарат бегалци во Европа, соопшти денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Претставниците на Алијансата синоќа на состанокот во Брисел се согласиле за начинот на работење на бродовите, кои беа […]

УНХЦР, ИОМ и УНИЦЕФ алармираат: Во Егејско Море секој ден има по две удавени деца

19 февруари 2016

Од септември 2015 година досега, во водите на Егејско Море, меѓу Турција и Грција, во просек секој ден животите ги губеле по две деца додека со своите семејства се обидувале да стигнат во Европа, велат од ИОМ, УНХЦР и од УНИЦЕФ и предупредуваат дека бројот на смртни случаи на деца на бегалската рута постојано е во […]

Грчки воен хеликоптер се урна во Егејско Море

11 февруари 2016

Двајца грчки воени пилоти и еден техничар загинаа доцна ноќеска при пад на воен хеликоптер кај островот Кинаро во Егејско Море. Специјалните сили на грчката војска сè уште трагаат по телата на загинатите, а засега сè уште се нејасни причините за падот на хеликоптерот. Хеликоптерот учествувал во ноќна вежба на воената морнарица. Според информациите од Министерството […]

Во Егејско Море се удавија 10 лица од кои пет деца

30 јануари 2016

Најмалку десет бегалци, меѓу кои пет деца, се удавија кога нивниот брод потонал во Егејско Море, додека се обидувале да стигнат од Турција во Грција. Турската новинска агенција „Доган“ јави дека од бродот се спасени 43 лица. Бегалците тргнале од провинцијата Чанак-кале, спрема грчкиот остров Лезбос. Во Турција се наоѓаат 2,2 милиони бегалци од Сирија, а […]

Нова бегалска трагедија во Егејско Море

22 јануари 2016

Нова бегалска трагедија се случи во водите на Егејско Море. Изутринава својот живот при транспорт од Турција го изгубија 20 бегалци при потонување на гумени чамци што ги пренесувале кон грчкиот брег. Трагедијата се случила во раните утрински часови, во близина на островите Фармакониси и Калолимнос, кога два чамци се превртеа на патот кон копното. Грчката крајбрежна […]

Потона брод во Егејско Море, се удавиле 18 лица

19 декември 2015

Најмалку 18 лица се удавиле откако во текот на ноќта потона брод кој пловел во Егејско Море кон грчкиот остров Калимнос. Како што известува турската новинска агенција „Доган“, припадниците на турската крајбрежна стража спасиле 14 лица, меѓу кои имало и Сиријци, Ирачани и Пакистанци. Според податоците на Обединетите нации, повеќе од 800.000 бегалци го преминале Средоземно Море […]

Страна 1 од 1