fbpx

Продолжува потрагата по Мартин на Халкидики, неговиот другар Иван почна донаторска акција за да се забрза акцијата

-

Потрагата на Крајбрежната служба на Грција и спасувачките екипи по исчезнатиот македонски државјанин Мартин во водите на Егејско Море кај Халкидики продолжува веќе шести ден по ред.

Министерството за надворешни работи на Северна Македонија синоќа соопшти дека „како и досега во потрагата ќе бидат вклучени неколку брода на грчката крајбрежна стража, хеликоптер, како и возило на копно и волонтери од локалното население“.

Од МНР нагласија дека нашите претставништва остануваат во интензивен контакт со надлежните институции на Грција и семејството на исчезнатиот.

Иако според грчките закони при вакви случаи, потрагата од страна на крајбрежната служба трае до три дена по исчезнувањето, по телефонскиот разговор меѓу шефовите на двете дипломатии Бујар Османи и Никос Дедниас овој рок беше продолжен.

Во меѓувреме, неговиот другар Иван, кој беше спасен откако скоро 20 часа очајнички се бореше со морските бранови држејќи се за изгубена детска топка, во име на семејството на Мартин отвори сметка за донации.

„Јас, Иван второпронајдениот од тројцата изчезнати во Грција, отворив наменска донаторска сметка за собирање на средства. Доколку сте во можност, би ве замолил за ваша донација за што побргу да ја завршиме оваа потрага и да им го олесниме товарот на неговата фамилијата.

Ве молам споделувајте
За донации од Македонија :
200003989311717
Стопанска Банка АД Скопје
Цел на дознака: Донација за Мартин
Шифра на плаќање: 562
име: Ivan Gjorgievski
адреса: Ul.Todor ALeksandrov br.4a
1000, Skopje
За донации од странство :
IBAN : MK07200003989312202
SWIFT CODE : STOBMK2X

Stopanska Banka AD Skopje“, напиша Иван во објава на Фејсбук.

Спасувачката акција и потрагата започнаа во саботата во попладневните часови, кога тројцата државјани на Северна Македонија Иван, Васил и Мартин, влегле во морето на плажата Мити во Посиди на првиот крак на Халкидики, а поради лошото време и силните морски струи се оддалечиле од морскиот брег.

Како малата кожна топка на Танос и Трифон му го спаси животот на Иван

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...