fbpx

Спасени четворица косовски државјани кои заглавиле во снег на Галичица

-

Четворица граѓани на Косово во текот на вчерашниот ден заглавиле во снег во националниот парк Галичица. Случајот во СВР Битола бил пријавен вчеравечер околу 19 часот, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Педесет минути откако било пријавено, полициски службеници, пожарникари и екипи на стражарската служба Галичица ги пронашле лицата и ги извлекле од снегот, по што ги упатиле кон граничниот премин Стење.

„Полициски службеници и екипи од Територијалната противпожарна единица Ресен и од стражарска служба Галичица излегле на терен и во 19.50 часот лицата биле пронајдени, извлечени од снегот и безбедно упатени до граничен премин Стење. Констатирано е дека се работи за четворица косовски државјани кои биле со патничко моторно возило „фолксваген пасат” со косовски регистарски ознаки“, се вели во соопштението на МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...