Руското министерство за правда ги прогласи рускиот новинар Александар Минкин за странски агент, заедно со авторот на Телеграм-каналот „Moscow Calling, Андреј Куршин и поранешниот советник во Градското собрание на Москва, Јушкар-Ољи Антон Соколов, пренесуваат руските и меѓународните агенции.
Заедно со нив, на листата на „странски агенти“ беа додадени и интернет-сајтот „Холод“ и еден од најпознатите руски писатели на денешнината, Григориј Чхартишвили, кој твори под псевдонимот Борис Акунин.
Руската власт ги товари дека се странски агенти, односно соработници на информативни портали „што се странски агенти и странски медиуми“.
За Минкин се вели дека „распространувал неточни информации за постапките и политиката на властите на Руската Федерација и истапувал против воената операција во Украина“, пренесуваат руските новински агенции.
Минкин реагираше на ова, меѓу другото и на неговиот Телеграм-канал и порача дека ваквата одлука ја смета за „неправедна и одвратна“. Изразувајќи сомнеж дека ќе може да добие правда, тој порача дека РИА Новости, една од најголемите новински агенции во Русија е „домашен агент“.
„РИА Новости е една од најголемите владини информативни агенции. Т.е., не странски агент, а со самото тоа владин, руски…“, вели тој, чудејќи се на речникот што е употребен во пренесувањето на соопштението од страна на новинската агенција.
Куршин е додаден на листата поради неговото критикување на спротивставување на руската агресија врз Украина и, исто како во случајот на Минкин, за „распространување соопштенија и материјали на странски агенти.
Речиси идентични се обвинувањата за „Холод“ и за поранешниот советник Соколов.