fbpx

Пендаровски ќе учествува на Светскиот економски форум во Давос

На годинешниот состанок на Светскиот економски форум во Давос е предвидено учество на над 100 шефови на држави и влади, претставници на водечките меѓународни организации, како и претставници на граѓанското општество, експерти, младински претставници

-

Претседателот Стево Пендаровски на 16 и 17 јануари ќе учествува на 54. годишен состанок на Светскиот економски форум, насловен „Обнова на довербата“ што се одржува во Давос, Швајцарија.

„Предвидено е претседателот Пендаровски да учествува на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, на неформалниот собир на светски економски лидери „Враќање на вербата во глобалниот систем“ и на официјалната вечера „Градење на Европа на утрешнината“, информираат од претседателскиот кабинет.

На годинешниот состанок на Светскиот економски форум во Давос е предвидено учество на над 100 шефови на држави и влади, претставници на водечките меѓународни организации, како и претставници на граѓанското општество, експерти, младински претставници, социјални претприемачи и новински куќи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Големи полициски сили во кампусот на УКЛА по судирот меѓу пропалестинските и произраелските демонстранти

Полицијата во опрема за немири пристигна во кампусот на Универзитетот во Калифорнија, каде се судрија пропалестинските и произраелските демонстранти, објави Асошејтед прес. Судирите се случија денеска рано наутро по локално...